Вонземјани одамна живеат меѓу луѓето на Земјата, а најмалку две такви суштества работат за администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, тврди поранешниот канадски министер за одбрана, Пол Хелиер.
Тој неодамна на трибината за вонземјанските облици на живот во Вашингтон откри дека на нашата планета престојуваат најмалку четири видови вонземјани, а дека високите бели суштества кои работат за владата на САД, живеат на територијата на американските воздухопловни бази.
Трибината за неидентификувани летечки објекти (НЛО) ја организираа шестмина поранешни американски конгресмени со намера, како што самите рекоа, да го направат она што Конгресот не го направил за 45 години. Тие сметаат дека прашањето за вонземјаните е најважното прашање на денешното време.