Неготинци и крушевчани беа најдобри на регионалниот противпожарен квиз натпревар од областа на противпожарната заштита, што се одржа во Кавадарци. Меѓу основците првото место го освоија учениците од Неготино, второто велешани и третото крушевчани. Кога станува збор за средношколците, најдобри беа учениците од Крушево, втори беа кавадарчани, а трети неготинци.
- Во Кавадарци по 31 пат се одржа регионален противпожарен квиз натпревар од областа на противпожарната заштита. На натпреварот учествуваа основци и средношколци од Битола, Крушево, Кавадарци, Велес, Неготино, Валандово, Богданци, кои на општинските натпревари ги освоиле првите места, рече претседателот на Општинскиот противпожарен сојуз од Кавадарци, Петко Ристовски.
Ристовски кој е и шеф по заштита на шуми во Јавното претпријатие „Македонски шуми", подружница „Бор" од Кавадарци нагласи дека учествуваа околу 60 учесници со своите ментори.
Најдобрите се стекнаа со право на учество на републичкиот противпожарен квиз натпревар, кој ќе се одржи до средината на декември.
0 comments:
Post a Comment