• Дали сте задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци?

    Ова истражување има за цел да се процени какво е мислењето на граѓаните и колку се задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци.

  • МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО: ИСКРЕНА ЦЕЛ ИЛИ БУГАРСКИ ТРОЈАНСКИ КОЊ ?!?“

    Во последно време, сведоци сме на отварање на некакви МБП (Македонско-Бугарско Пријателство) ограноци низ Македонија. Деновиве, се отвори огранок и во Кавадарци, па логично е...

  • ПОВИК ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ШТЕТИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

    Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделкските култури направени како резултат на ниските температури во...

  • КАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН ОД ПОЛИЦИЈАТА ПРЕД ДА ГО ПРОДАДЕ ХЕРОИНОТ

    Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство ...

Saturday, April 30, 2016

„ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ” – ПОБЕДА НА ЖИВОТОТ НАД СМРТТА



Денот на Христовото воскресение Велигден е не само најголем, туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на христијанството, потврда и на самата вера зашто како што рекол Свети апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше тогаш празна е нашата проповед, празна е и нашата вера“. Затоа на Велигден пееме: „Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на сите што беа во гробовите живот им подари“.

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО: ИСКРЕНА ЦЕЛ ИЛИ БУГАРСКИ ТРОЈАНСКИ КОЊ ?!?


Не шириме никаква омраза, само си го чуваме своето и поставуваме наједноставно прашање, која е вистинската цел ?!?




Во последно време, сведоци сме на отварање на некакви МБП (Македонско-Бугарско Пријателство) ограноци низ Македонија. Деновиве, се отвори огранок и во Кавадарци, па логично е да се постави прашањето од секој прав македонец, која е целта?

ВО КАВАДАРЦИ НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА 30-ГОДИШНО МОМЧЕ



Трагедија за Велики Петок во Македонија. Вчера околу 11 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општа болница Кавадарци пријавиле дека кај нив од Итната помош Неготино околу 09 часот и 45 минути, го донеле 30-годишниот Александар Т. од Неготино кој по кратко време починал.

ВО КАВАДАРЦИ ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД РЕЦИКЛИРАН МАТЕРИЈАЛ



Регионалното еколошко друштво “Еко живот” од Кавадарци, денеска ги соопшти резултатите од натпреварот за најубави еко-уметнички дела направени од рециклиран материјал изработени од ученици од неколку училишта во регионот.

Friday, April 29, 2016

СКОПЈАНЕЦ ДОШОЛ НА ГОСТИ ВО КАВАДАРЦИ, ПА ИСЧЕЗНАЛ



Во ПС-Кавадарци вчера Р.И.(60) од Кавадарци пријавила дека на 27.04.2016 година околу 23,30 часот нејзиниот внук С.Ѓ. (37) од Скопје кој бил дојден кај неа на гости, излегол во центарот на Кавадарци и по половина час истиот не бил достапен на неговиот телефон, а не се вратил ни во Скопје.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Wednesday, April 27, 2016

ВАНДАЛИЗИРАНА ФАСАДА НА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО КАВАДАРЦИ (ФОТО)




Овој срамен чин сведочи за лудилото кое владее. Имено непознати лица, кои според содржината на натписите ја открија својата партиска припадност, испишувајќи разни графити ја вандализираа фасадата на градинката „Рада Поцева“ во Кавадарци, овој пат вмешувајќи ги и злоупотребувајќи ги најмладите.

Monday, April 25, 2016

СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА

Студениот бран кој денеска ја зафати Македонија вечерва донесе снег на повисоките места во западна Македонија. 


Според последните информации, слаб снег во моментов провејува на Маврово и Попова Шапка како и на планинскиот превој Стража. Единствен град во кој во моментов има слаби снежни врнежи е Дебар, каде моменталната температура е само 1 степен.

МЕМОРИЈАЛЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „ОРДАН ТОТОВ“



По иницјатива на кошаркарските ветерани од Кавадарци, се оддржа првиот меморијален турнир посветен на една од најголемите кошаркарски легенди, Ордан Тотов.

Во спортската сала „Јасмин“ кошарка играа ветераните од КК „Тиквеш“ и КК „Борец“ од Велес.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ >>>>

ВО КАВАДАРЦИ СЕ ОДРЖА "ПОЕТСКА ГАЛА - 2016"


 

Во неделата, на 24 април 2016, во Салата на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, се одржа Поетска Гала - 2016, со учество на поети од цела Македонија.

КАРАТИСТИТЕ НА „УРБАН ИНВЕСТ” ОД КАВАДАРЦИ СО НОВИ 28 МЕДАЛИ



Дваесет и осум нови медали освоија младите каратисти на карате клубот „Урбан инвест” од Кавадарци, на меѓународниот натпревар “Кичево опен 2016”, кој вчера се одржа во Кичево.

ФЕНИ ИНДУСТРИ ИЗВОЈУВА ЛЕСНА И УБЕДЛИВА ПОБЕДА ПРОТИВ СТРУМИЦА



На стартот на последното 28 коло од Првата македонска лига кошаркарите на Фени Индустри извојуваа лесна и убедлива победа против Струмица од 82-67. Кавадарчани со фуриозниот старт, премиерните десет минути ги добија со 34-15 на дуелот во Јасмин го најави сигурниот триумф против Струмица. Во втората делница гостите од Струмица одиграа многу подобра и ја добија четвртината со 20-16.

Tuesday, April 19, 2016

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО КАВАДАРЦИ



Во рамки на неделата на планетата Земја, денеска во Кавадарци беше реализирана еколошка акција, во организација на младинскиот центар „Креактив”, во соработка со јавното претпријатие Комуналец од овој град. 

СО ТРАКТОР ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ, ВОЗАЧОТ ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ


Во неделата во 16.15 часот на локалниот пат село Сирково – Кавадарци, 40-годишниот В.М. со трактор излетал од патот и се превртел.

Sunday, April 17, 2016

ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА РИСТО СОКОЛОВ СОКОЛ



Вечер посветена на познатиот ликовен уметник кој почина пред една година, Ристо Соколов Сокол, беше организирана синоќа во Кавадарци. Промовирана беше новата збирка песни под наслов „Нашиот блуз„ напишана од неговиот пријател Марјан Тодоровски и самиот Соколов.

Saturday, April 16, 2016

МЗТ СО ЛЕСНА ПОБЕДА НАД ФЕНИ


МЗТ Скопје немаше проблеми во мечот против Фени Индустри кој немаше ниту сила ниту квалитет да му парира на актуелниот првак.


„Металците“ на крајот славеа со 81:58 во меч во кој што домаќините ја оправдаа фаворитската улога и целосно доминираа во натпреварот. Најефикасен во натпреварот беше Младеновски кој што уфрли 17 поени, пред Протиќ со 13 и Дреновац со 12 поени. Кај Фени кошаркар со најмногу поени беше Враговиќ со 16 поени.

Thursday, April 14, 2016

ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2016: БОГАТИ ПАРИЧНИ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИТЕ МАСКИ НА ВИНСКИОТ КАРНЕВАЛ



Најатрактивната манифестација на „Тиквешкиот гроздобер“ - Винскиот карневал, се очекува годинава да биде меѓу најдобрите, со оглед на подготовките кои се прават.

Организаторот “Агенцијата за организирање на Општинските манифестации за 2016 година” и Општина Кавадарци одржаа заедничка средба со директори и претставници на основните и средни училишта во Општинава со цел да да се започне со подготовките за учество на Винскиот карневал, кој е масовно посетена содржина на Гроздоберот.

МАНИФЕСТАЦИЈА „ПРИЈАТЕЛИТЕ ЗА СОКОЛ – 2016“ ВО КАВАДАРЦИ



Во сабота, 16 април, во Кавадарци ќе се одржи манифестацијата “Пријателите за Сокол – 2016“, која долгогодишните соработници и пријатели собрани во неформалната уметничка група “Сокол Арт“ ја организираат и посветуваат на Денот на раѓањето (16 април 1957) на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол.

ВКУПНО 18 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ДВАЈЦА КАВАДАРЧАНИ ЗА РАЗБОЈНИШТВО ВО ЦРКВА



Ведат Вејселов и Исмаил Вејселов, двајцата од Кавадарци, добија заедно 18 години затвор за разбојништво, кое го сториле во март 2013. Во Велешкиот суд Исмаил, кој е во бегство, доби 10 години, а Ведат 8 години затвор.

АСФАЛТИРАЊЕ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО КАВАДАРЦИ



Нов асфалт за улицата „Црноречка” во Кавадаречкиот, денеска најави градоначалникот Александар Панов. На улицата претходно била извршена комплетна реконструкција на водоводната линија, која во минатото била изградена самоиницијативно.

Monday, April 11, 2016

ЖИВА ВИСТИНА: РАБОТИ КОИ ГИ ПРАВАТ САМО БАЛКАНЦИТЕ



Дали некогаш сте се запрашале што нас Балканците нè прави поразлични од другите? Или можеби веќе знаете? Кои карактеристики нè прават поразлични од Германците, Кинезите или Американците?

ДРЕКСЕЛМАЕР ЌЕ ВРАБОТУВА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ ОД КАВАДАРЦИ



Лицата со инвалидност од Кавадарци ќе се вработуваат во германски Дрекслмаер. Локалните власти откриваат дека во тек се интензивни преговори со компанијата.

ОТКРИЕНИ 20 АВГАНИСТАНЦИ ВО ВОЗИЛО КАЈ КАВАДАРЦИ, ВОЗАЧОТ ПОБЕГНАЛ



На патниот правец Кавадарци-Мушов Гроб, вчера околу 7 часот, во патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.И. (22) од скопското село Батинци, полициски службеници откриле 20 илегални мигранти од Авганистан.

Sunday, April 10, 2016

ВО ТИКВЕШКО ИМАЛО ЖИЧНИЦА ЦЕЛ ВЕК ПРЕД СКОПЈЕ



Жичницата од Демир Kапија до кавадаречкото село Рожден била изградена речиси цел век пред изградбата на жичницата во Скопје. Овој објект бил граден за потребите на војските во Првата светска војна, што сведочи дека тиквешкиот регион имал важна улога во врските со Македонскиот (Солунски) фронт.


Friday, April 8, 2016

НЕ СТЕ СВЕСНИ КОЛКУ МОЖЕ ДА ВЕ ИЗЛЕКУВА ЕДНА ЧАША ВОДА

Направете експеримент, колку и да пиете, додавајте по една чаша дневно повеќе и ќе бидете пријатно изненадени од резултатите. 


Истражувањата објавени во “Journal of Human Nutrition and Dietetics” потврдува дека само една чаша вода повеќе дневно може да направи многу за вашето здравје.

Ако пиете за 1% повеќе вода дневно, тоа значи дека ќе конзумирате за 8,58 помалку калории, 0,74 грами шеќер помалку, 9,8 милиграми натриум помалку и 0,88 грами помалку холестерол.

ВО КАВАДАРЦИ СЕ ОДРЖА ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА - ПОЕЗИЈА “ИГЛА И КОНЕЦ“



Во четвртокот, на 7 април 2016, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, се одржа промоција на книгата поезија “Игла и конец“ од познатиот поет Тихомир Јанчовски од Скопје.

СРБОМАНИ, БУГАРОФИЛИ И ГРКОМАНИ ?!?


Каков е вашиот став за србоманите, оние кои повеќе жалат за Тито отколку за Борис Трајковски, за бугарофилите кои не признаваат ништо што е Македонско и за гркоманите кои што се бројат на прсти, но сепак ги има.


Југоносталгичари или србомани - Повеќе им е гајле за Тито, отколку за Гоце, Даме... Плачат за Југославија (сега за Србија)... Се восхитуваат на филмови како "Ране", и сите просрпско ориентирани филмови, ги воздигнуваат српските херои, мафијаши и националисти како Шешељ, Караџиќ, Аркан... А истите тие всушност, не сметаа (и сеуште не сметаат) за јужни срби, и тесно соработуваат со нивните традиционални партнери гркгејците од југ. Ден денес има уште инсталации на УДБА и КОС во земјава.

КАВАДАРЦИ ЌЕ ДОБИЕ УШТЕ ЕДНА ГРАДИНКА


Кавадарци ќе добие уште една градинка, најави денеска секретарот во локалната самоуправа Кире Делов, на одбележувањето на 53 години од постоењето на детската градинка „Рада Поцева”.



Во обраќањето тој нагласи дека во градинката се организирани и се реализираат бројни активности, било тоа да се спортски рекреативни, културно-забавни и воспитно образовни.

Thursday, April 7, 2016

ВО КАВАДАРЦИ ОДБЕЛЕЖАНИ 72 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА КИРО КРСТЕВ И ДИМЧЕ МИРЧЕВ



Во Кавадарци денеска беа одбележани 72 години од загинувањето на народните херои Киро Крстев Атанасов-Страшо од Кавадарци и Димче Мирчев од Велес.
 

ВО ЖИВО: Прес конференција на Никола Груевски



ВО ЖИВО: Прес конференција на Никола Груевски

ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ СИРКОВО ПОВРЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ



Во сообраќајката која се случила денес, во 12 часот и 10 минути, учествувале товарно моторно возило и патнички автомобил. Според првичните сонзанија, возачот на товарното моторно возило е повреден и пренесен до кавадаречката општа болница, соопшти портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска.

Увидот на местото на несреќата е во тек.

ХУМОР: СПИЕ ДЕТЕТО (К-15 ВИДЕО)



Потивко бе потивко, ми спие детето....

Wednesday, April 6, 2016

ОПЦИЈАТА FACEBOOK LIVE ОД ДЕНЕСКА ДОСТАПНА ЗА СИТЕ




Марк Закерберг денеска објави дека опцијата Facebook Live ќе им биде достапна на сите корисници. Видеото станува сè позначаен дел од Facebook, така што во иднина ќе гледаме многу повеќе видеа во живо.

НОВА КНИГА: "ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО КАВАДРЕЧКО"



Во Кавадарци беше промовирана книгата „Цркви и манастири во Кавадаречко„ на авторите Петре Камчевски и Весна Ѓорѓиева. И двајцата се вработени во Музеј Галеријата и долгогодишни стручњаци во областите на музејската дејност, и ова нивно заедничко дело е документ кој е од огромно значење за овој крај.

СДСМ НЕМА ДА ОДИ НА ИЗБОРИ НА 5-ТИ ЈУНИ



Лидерот на СДСМ Зоран Заев објави дека неговата партија нема да учествува на претстојните избори.

ЕНИГМАИКА: РЕШАВАЈ СУДОКУ



ПЕЈАЧКАТА ОД КАВАДАРЦИ СО ВИСОК ШЛИЦ И ДЕКОЛТЕ ДО ПАПОКОТ НА МАКФЕСТ 2016



Пејачката Александра Михова ги изненади своите фанови со фотографија објавена на нејзиниот фејсбук профил, на која го презентира провокативниот фустан со кој ќе настапува на Макфест 2016.

УТРЕ Е СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ – БЛАГОВЕЦ



Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник. некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“. 

УШТЕ ЕДНА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП, ЕДЕН ПОВРЕДЕН



Едно лице е повредено во сообраќајка што се случи денеска на магистралниот пат Градско - Прилеп, информира денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Tuesday, April 5, 2016

ВО ЧЕТВРТОК ПРОМОЦИЈА НА „ИГЛА И КОНЕЦ“ ОД ТИХОМИР ЈАНЧОВСКИ



Во четврток, на 7 април 2016, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата Иван Мазов – Климе, Кавадарци, ќе се одржи промоција на новата книга поезија на Тихомир Јанчовски од Скопје, насловена како „Игла и конец“.

ПРИСТИГНУВААТ НОВИТЕ БАНКНОТИ ОД 200 И 2000 ДЕНАРИ - ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДААТ


Со новите банкноти од 200 и 2 илјади денари ќе се плаќа кон крајот на годинава или евентуално на почетокот на 2017-та – соопштуваат од Народната Банка.

Подготовките за издавање на парите се уште се во тек, а одлука за официјално пуштање во промет треба да донесе Советот на Народната Банка. Се уште не се знае кога ова прашање ќе биде ставено на дневен ред. Од Народната Банка велат дека веќе избрале компанија која е задолжена за печатење на парите.


БОЖЈО ЧУДО: КОКОШКА ВО РОСОМАН СНЕСЕ ЦРВЕНО ЈАЈЦЕ (ФОТО)


Кокошка снесе црвено јајце во живинарската фарма „Лаки“ во Росоман.



Сопственикот Ристо Петковски од Кавадарци вели дека фармата постои 19 години, но до сега немало вакво чудо. „Бевме и во верскиот храм „Свети Димитрија“ и таму ни кажаа дека се работи за Божјо чудо и дека ова е добар знак пред Велигден“ вели тој.

ДЕН НА ПАРТНЕРСТВА НА ВАРДАРСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН



Во Кавадарци денеска ќе се одржи манифестација третата манифестација „Ден на партнерства на Вардарскиот плански регион“.

Во рамки на манифестацијата ќе биде отворен Регионалниот центар за поддршка на граѓанското општество во општините во Вардарскиот плански регион, проект финансиран од Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој, програма за рамномерен регионален развој, во вредност од четири милиони денари.

Monday, April 4, 2016

БЕЗ КОМЕНТАР: КАВАДАРЕЧКА БАНДЕРА



Доказ дека Спајдермен бил у Кавадарци...

НОВИ ЦЕНИ: Поскапување на бензинот, дизелот со намалена цена!


Нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе се точат по нови цени.
Регулаторната комисија реши да поскапат бензините а цената на дизелот да се намали.

Бензинот ќе се точи за цена поскапа за половина денар, додека дизелот ќе биде намален за еден денар.


ТЕХНОЛОГИЈА: МАШИНСКО КОПАЊЕ НА ВИНОВА ЛОЗА



Со развојот на технологијата, иновативноста завзема се поголем замав. 
Погледнетего видеото...

КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ЗА АКАДЕМИК ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИ ВО МАНУ


Комеморативната седница за академик Глигор Чемерски ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите на 5 април, вторник, во 11 часот.


Академик Глигор Чемерски е роден во Кавадарци на 9 март 1940 година. По завршеното средно образование во Скопје се запишува на Академијата за ликовни уметности во Белград, каде што дипломира во 1963 година. Потоа, на истата Академија завршува постдипломски студии и се стекнува со звањето магистер на сликарство. Како стипендист на француската влада бил на студиски престој во Париз во 1969/70 година.

ИЗЛОЖБА „ЖИВОТ ВО БОИ“ НА АНДРИЈАНА МАЦИЕВ ВО КАВАДАРЦИ



Вечер, со почеток од 20 часот во Домот на култура ,,Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена изложба на цртежи и слики „Живот во бои“ на Андријана Мациев.


Sunday, April 3, 2016

ФЕНИ ИЗВОЈУВА ПОБЕДА ВО ДЕРБИТО ПРОТИВ КУМАНОВО



Карпош Соколи пред своја публика го прегази Кожув со 104:74, а во Кавадарци, Фени Индустри славеше тесна победа над Куманово од 86:83 во двете дерби средби од 23 коло во Првата македонска кошаркарска лига. На третиот меч МЗТ Скопје рутининарано ја доби на противнички терен Струмица со 79:66.


СООБРАЌАЈКА КАЈ РОСОМАН - ЗАГИНА ЖЕНА, ПОВРЕДЕНИ ДВАЈЦА


„Денес во 12.30 часот случена е тешка сообраќајна несреќа во која живот го загуби едно лице.


До несреќата дошло откако патничко моторно возило Форд Фиеста со скопски регистарски таблички , движејќи се на патот, кај местото викано Камендолска спирка во близина на Росоман се исклучило од колоната возила сакајќи од левата коловозна лента да сврти лево на спротивната страна на патот. При тоа, возилото го пресекло патот на друго патничко возило марка Мерцедес,кое доаѓајќи од спротивната насока директно удрило во Форд Фиестата. 

Friday, April 1, 2016

БРЗ И ЕДНОСТАВЕН НАЧИН ЗА ВРЗУВАЊЕ НА ВРАТОВРСКА



Брз и едноставен начин за врзување на вртоврска. Погледнете го видеото....

ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП