Wednesday, April 6, 2016

УШТЕ ЕДНА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП, ЕДЕН ПОВРЕДЕН



Едно лице е повредено во сообраќајка што се случи денеска на магистралниот пат Градско - Прилеп, информира денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

- Во 12:10 часот во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци била пријавена сообраќајка после бензинската станица кај росоманското село Сирково. Во сообраќајката учествувале товарно моторно возило и патнички автомобил. Според првичните сознанија од терен, возачот на товарното моторно возило е повреден и пренесен до кавадаречката општа болница, соопшти Стојковска.

Увидот на местото на нсреќата е во тек.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП