Wednesday, October 28, 2015

ГУМЕНИТЕ ЛАСТИЧИЊА СЕ КАНЦЕРОГЕНИ!?



Британија ги повлече од продажба ластичињата за правење на популарните алки поради канцерогени хемикалии.

Британската фирма “Ентертејнер“, најголемиот ланец продавници за играчки во Велика Британија, ги повлече од продажба ластичињата за правење на популарните алки и ситни играчки откао е откриено дека содржат канцерогени хемикалии.

Тие содржат 40 отсто фталат, материја која според прописите на ЕУ може во производот да биде содржена најмногу 0,1 отсто.

Засега информацијата дека самите гумени ластичиња содржат канцерогени хемикалии и се опасни по здравјето на луѓето, а посебно на децата, не ја потврди RAPEX (надлежното тело за алармирање во ЕУ).

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП