Tuesday, December 1, 2015

УТРЕ E ДЕН НА ДРВОТО ВО МАКЕДОНИЈА: ВО КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА СЕ САДЕШЕ КАЈ ЦРКВАТА „СВЕТА ПЕТКА“

Утре во Макеоднија под мотото „Садиме заедно за нас“ ќе се спроведе акцијата „Ден на дрвото“. Ќе се пошумува на повеќе локации. 

Денеска во пресрет на утрешниот ден се садеа садници пред новиот храм во Кавадарци посветен на Света Петка. 


Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов засади „Јапонска цреша“, заедно со претставниците на фондацијата „Ден на дрвото“ ЈП „Македонски шуми-Бор“, претседателот на одборот за градба на црквата Митко Јанчев како и свештеници од МПЦ -Повардарска епархија- храм Кавадарци.

Градоначалникот Александар Панов, упати апел до сите граѓани утре да се вклучат во акцијата и да го дадат својот придонес во подигнувањето на нови шуми.
- Ние денеска ова го правиме симболично, а утре цела околина на Кавадарци ќе биде засеана со нови садници. Апел до сите граѓани да го искористат утрешниот неработен ден и да засадат барем едно дрвце. Кавадарци има 35.000 жители и ако секој засади само по едно е сосема доволно, и тоа ако се мултиплицира со многу години ќе добиеме многу поразлична слика.
Овој наш рид Љубаш некогаш бил со дабова шума, но поробуивачите на Македонија и Кавадарци безмилосно ја сечеле и продавале во Европа. Така да таа неправда во минатото имаме обврска да ја надоместиме за сите ониешто доаѓаат после нас, бидејќи земјата ја позајмивме од нив.- рече градоначалникот Панов.

Професорот во пензија Томе Лисичанец, инаку одговорен за реализација на акцијата во Кавадарци, оценува дека досега одржаните акции го даваат очекуваниот резултат.

- Во утрешниот ден ќе бидат опфатени локации кои и во минатите години беа застапени. Калница од каде се напаѓа градот со порои, околу новите хидроцентрали ќе има извесни површини за заштита на цевоводите и на централите, Тисовец над Возарци и Фени и дел од Сирково. И покрај многуте критики мислам дека успешноста на акциите е многу голема. Младите ги подигаат тие шуми за својата иднина, а родителите за своите деца. Тие што сега подигаат шуми нема да бидат нивни уништувачи, рече професорот Лисичанец.


Во Општина Кавадарци, акција утре ќе се реализира со подршка од „Македонски шуми“ подружница „Бор“ - Кавадарци. 
Според оперативниот план утре ќе се сади на следните локации: „Велова чешма“ кај селото Мрзен Ораовец, потоа на „Калница“ кај Ваташа, месноста „Тисовец“ и кај „Моклишкиот манастир, по трасата на 5 мали хидроцентрали.

- Според проекцијата која е првидведена за Кавдарци ќе бидат пошумени 50 ха. ЈП Македонски шуми со своите вработени активно ќе се вклучи во акцијата. Ќе бидат на располагање околу 200 илјади садници од различни видови садници, вели претставникот на Македонски шуми.
 
На територијата на општина Кавадарци во акцијата треба да бидат засадени вкупно 146.000 садници на дрва од видовите багрем, јавор, јасен и чемпрес.

Организирано во акцијата ќе учествуваат ученниците од средните училишта, Локалната самоуправа и граѓанството. Основните училишта на денот на дрвото ќе работат во училишните дворови, додека средношколците од Гимназијата ќе садат дрва на голините на „Тисовец“, од земјоделско шумарското училиште во месноста „Калница“, каде е предвидено дрвја да садат и граѓаните кои ќе се вклучат во акцијата, додека учениците од индустриското ќе садат дрвја кај селото Мрзен Ораовец.
Вработените од Локалната самоуправа акцијата ќе ја спроведат со садење дрва на трасата од цевководот за мини хидроцентралите кај Моклишкиот манастир.

Пишува: Марјан Димиртов

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП