Вонземјани одамна живеат меѓу луѓето на Земјата, а најмалку две такви суштества работат за администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, тврди поранешниот канадски министер за одбрана, Пол Хелиер.
Тој неодамна на трибината за вонземјанските облици на живот во Вашингтон откри дека на нашата планета престојуваат најмалку четири видови вонземјани, а дека високите бели суштества кои работат за владата на САД, живеат на територијата на американските воздухопловни бази.
Трибината за неидентификувани летечки објекти (НЛО) ја организираа шестмина поранешни американски конгресмени со намера, како што самите рекоа, да го направат она што Конгресот не го направил за 45 години. Тие сметаат дека прашањето за вонземјаните е најважното прашање на денешното време.
Главен говорник на собирот беше Пол Хелиер, кој изнесе вџашувачки податоци. Тој тврди дека вонземјаните не' посетуваат веќе најмалку илјада години, дека доаѓаат од галаксија како Орион, Андромеда...
„Тие што велат дека вонземјаните од многу одамна се на Земјата не грешат, а барем две суштества од друга планета работат за американската влада. Тие факти се кријат така што се свртува вниманието на други работи“, наведува Хелиер.
Тој тврди дека забошотувањето на вистината за вонземјаните е дел на добро скованиот заговор во кој се вмешани тајните друштва и светските лидери, како што се Советот за меѓународни односи, Билдерберг групата, Трилатералната комисија, семејството Рокфелер, како и банкарски и нафтени картели, потоа разни информативни служби и одбрани членови на воените хунти. Сите тие го контролираат светот и се обидуваат да направат една светска влада, наведува Хелиер и додаде дека неговата родна Канада исто така е дел од светскиот заговор.
Американскиот атомски физичар и поранешен припадник на американската војска Чарлс Хал неодамна го изнесе тврдењето дека војската соработува со вонземјаните низа години. Тој тврди дека првпат видел суштества од друга планета во 1964 година во воената база во Невада, каде што присуствувал на средбата на американската војска и припадниците на вонземјанските видови. Првите вонземјани кои ги видел Хал биле високи до два и пол метри, бледи и антропоморфни, а биле петмина - три мажи и две жени.

0 comments:
Post a Comment