Thursday, September 24, 2015

ВО СРБИЈА СОБРАНИ НАД 100.000 ПОТПИСИ ПРОТИВ РЕАЛНИТЕ ШОУ ПРОГРАМИ

Во Србија во тек е потпишување петиција за укинување на реалните шоу програми на домашните телевизии, а во акцијата што ја покрена група граѓани на социјалните мрежи досега се собрани повеќе од 100.000 потписи.



Во регионот, а делумно и кај нас, во моментов можат да се гледаат „Големиот брат“, „Фарма“, „Малдиви“, „Парови“...и дел од јавноста отворено се спротистави на овој телевизиски терор, укажувајќи дека воајеризмот, што со овие емисии се поттикнува, придонесува за ширењето на шунд и кич, што лошо влијае на младите генерации. Овие реални шоу програми, исто така поттикнуваат примитивизам, вербално и физичко насилство и баналност.



Рејтинзите на гледаност покажуваат дека овие емисии привлекуваат голем број љубопитни гледачи, кои пред се ги привлекуваат караниците, па и тепачките меѓу „селибрити“ учесниците, а често и инсценираниот секс пред камерите.

Со оваа петиција се бара укинување или барем забрана на овие емисии на телевизиите кои имаат национални фреквенции, јавува агенцијата Фена.

Сепак, засега нема навестувања дека петицијата, која веќе има над 103.000 потисници, би можела да биде прифатена од државното регулаторно тело за електронски медиуми на Србија - РЕМ, па и натаму единствениот лек против телевизискиот шунд и кич е само далечинскиот управувач.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП