• Дали сте задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци?

    Ова истражување има за цел да се процени какво е мислењето на граѓаните и колку се задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци.

  • МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО: ИСКРЕНА ЦЕЛ ИЛИ БУГАРСКИ ТРОЈАНСКИ КОЊ ?!?“

    Во последно време, сведоци сме на отварање на некакви МБП (Македонско-Бугарско Пријателство) ограноци низ Македонија. Деновиве, се отвори огранок и во Кавадарци, па логично е...

  • ПОВИК ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ШТЕТИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

    Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделкските култури направени како резултат на ниските температури во...

  • КАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН ОД ПОЛИЦИЈАТА ПРЕД ДА ГО ПРОДАДЕ ХЕРОИНОТ

    Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство ...

Monday, June 13, 2016

ОДБЕЛЕЖАНИ 73 ГОДИНИ ОД ЈУНСКАТА ОФАНЗИВА КАЈ ФАРИШ



Пред споменикот крај патот Градско - Прилеп кај кавадаречкото село Фариш денеска беа одбележани 73 години од јунската офанзива во рамките на Втората светска војна. Во офанзивата загинале неколку борци од одредот „Добри Даскалов" од Кавадарци и Неготино, а настрадале и блиските на некои од нив.

Свежо цвеќе положија претставници на здруженијата на борци од двата града.

-Невооружениот отпор во Тиквешијата започна веднаш по доаѓањето на окупаторот, со разни начини и форми. Со формирањето на нашите воени единици, дојде до зголемување на отпорот. Особено со формирањето на Тиквешкиот партизански одред, на почетокот со сто борци, рече Илија Браов, секретар на Здружение на борци Кавадарци.

Бугарскиот окупатор за одмазда преземал осветнички напади, а во јунската офанзива биле убиени повеке борци од Тиквешијата, како и родољуби.

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ КАЈ КАВАДАРЕЧКО – ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО НЕСРЕЌАТА



Две лица се повредени кога патничко моторно возило „Сеат толедо“ синоќа излета од пат во кавадаречко.

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска истакна дека автомобилот кој го управувал 41- годишен жител на Кавадарци, се движел од Кавадарци кон Мушов Гроб.

- Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатникот кои се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, рече Стојковска.

Увид на лице место по овластување на јавен обвинител изврши увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.

Wednesday, June 1, 2016

ОТВОРАЊЕ НА РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА МИШО И УРОШ ВЕЉКОВИЌ



Во петок, на 3 јуни 2016 година, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена Ретроспективна изложба на ликовните уметници, татко и син Мирослав Мишо Вељковиќ и Урош Вељковиќ, по повод 45 години ликовно творештво на Мишо и 15 години ликовно творештво на Урош. Ова е еден од ликовните настани кои ќе ја одбележат 2016 во Кавадарци.

Мирослав Мишо Вељковиќ е роден 1953 година. Завршил Училиште за применета уметност, а потоа и Педагошка академија во класата на проф. Ристо Калчевски. Работел како дизајнер во “Алкалоид“ и А.Д. “Комуна“. Член е на ДЛУМ од 1986 година. Има одржано повеќе самостојни изложби како и учество на десетици групни изложби во Македонија и странство, а учествувал на повеќе ликовни колонии низ Балаканот.

Урош Вељковиќ е роден 1981 година. Завршил средно уметничко училиште “Лазар Личеноски“ Скопје отсек графика во класата на проф. Ѓорѓи Чулаковски Ѓото. Факултет за ликовни уметност Скопје отсек графика со графички техники и графички дизајн, завршил во класата на проф. Костадин Танчев Динка. Одржал повеќе самостојни изложби, а учествувал на групни изложби низ целиот свет., како и на неколку балкански ликовни колонии. Во 2010 добитник е на годишната награда “Петар Мазев“ за сликарство на Годишна изложба на ДЛУМ. Работи како дизајнер во студио за дизајн, печат и издаваштво.

Како што ќе рече Горјан Ѓорѓиев по повод оваа ретроспективна изложба:
“Во делата на Мишо се е подредено на неговиот внатрешен свет, неговата агресија, бес, очај, неговата душа или во крајни црти на неговата животна приказна. Мишо се окупирал со нешта што повеќето луѓе го избегнуваат, без разлика дали се уметници или не. Тој ја има тенденцијата за опис на она што во него е затрупано или бетонирано, заклучано со големи рѓосани катанци. Светот во овие слики е како џиновска утроба во која непрекидно се случува раѓање, во тој свет се плови на мистични и недефинирани облаци.“

“Урош - горопадниот син - бунтовник, музичар, графичар, сликар кој сака да ги тргне „камењата„ од нивниот инерциски пат. Да им даде по секоја цена своја траекторија на таа тврдата и тешка маса која има тенденција да го згмечи во стандарден калап. Сликите се подредени на неговата агресија, бес, разулавен ритам на фигури и линии кој по секоја цена ќе се наметнат на публиката. Тешко и крајно неблагодарно е да се нагаѓа за размислата на уметникот додека го твори делото а уште потешко да насети што уметникот во тој момент чувствува.“


Saturday, May 28, 2016

ОПАСНА ДРОГА ГИ УНИШТУВА МЛАДИТЕ ВО НЕГОТИНО?!


Зачестуваат млади со чудни симптоми кои побарале медицинска помош во последните два три месеци во Службата за итна медицинска помош во Неготино. Дека станува збор за сомнителни симптоматологии, за „Дневник“ потврдува доктор Ратко Грков, началник на Брза помош.



– Ни зачестија случаевите кога млади доаѓаат по помош со бледа кожа, силно срцебиење и крвен притисок над 200, болки во стомакот, грчеви во мускулите и стегање во градите. Едни свесни и видно вознемирени, други во бесвесна состојба, носени од блиски. Одеднаш добиваат тахикардии, пулс или фреквенција на срце од 200 – вели докторот.

Грков нагласува дека симптомите се чудни и поради фактот што пациентите кои ги имаат не кажуваат точна анамнеза. Станувало збор за млади од 15 до 40 години, почесто од машкиот пол, иако имало и припаднички од понежниот пол. На прашање до докторот колку се блиску до вистината шпекулациите дека во неготинско наводно се појавила некоја нова дрога која разорувачки делувала врз организмите на тие што ја уживале.

– Кај сите овие лица нема видливи траги дека земале некоја супстанца. Сепак препорачуваме до родителите и наставниците, како и блиските, да обрнат повеќе внимание на своите деца, ученици, блиски, особено ако имаат сомнително однесување-категоричен е Грков.

Извор: zase.mk

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ КАВАДАРЦИ: МАЖ ПРОНАЈДЕН ОБЕСЕН ВО СВОЈОТ ДОМ



Четириесет и две годишен кавадарчанец бил пронајден обесен утринава во неговиот дом во Кавадарци и за тоа била известена полициската станица од општа надлежност во овој град, потврди Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

– Увидна екипа е на лице место и засега не можат да се кажат повеќе детали за случајот, рече Стојковска.


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП