• Дали сте задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци?

    Ова истражување има за цел да се процени какво е мислењето на граѓаните и колку се задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци.

  • МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО: ИСКРЕНА ЦЕЛ ИЛИ БУГАРСКИ ТРОЈАНСКИ КОЊ ?!?“

    Во последно време, сведоци сме на отварање на некакви МБП (Македонско-Бугарско Пријателство) ограноци низ Македонија. Деновиве, се отвори огранок и во Кавадарци, па логично е...

  • ПОВИК ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ШТЕТИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

    Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделкските култури направени како резултат на ниските температури во...

  • КАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН ОД ПОЛИЦИЈАТА ПРЕД ДА ГО ПРОДАДЕ ХЕРОИНОТ

    Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство ...

Wednesday, December 30, 2015

„НЕ“ ЗА ПЕТАРДИТЕ И ПОРОЦИТЕ!


Советот за превенција од малолетничка деликвенција во Кавадарци организираше низа акции во сите спортски колективи и училишта во градот. Кон овие акции се приклучија и повеќе друштва , невладини организации, претпријатија и граѓани.



Со ова се кажува „НЕ“ на петардите и на другите пороци кои се натураат на младите.
Граѓаните на Кавадарци ја подржаа иницијативата на нивниот сограѓанин Димитар Каракулев за време на новогодишните и божиќните празници да не се употребуваат петради од кои стрдаат многу деца, но и искоренување на другите пороци меѓу младите.

ПРЕПОРАКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО ВО КАВАДАРЦИ

Општина Кавадарци упати препораки за намалување на загадувањето до граѓаните, општинските институции и стопанските субјекти.



Јавното претпријатие „Комуналец“ треба да ги интензивира активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата, а комуналниот инспектор за животна средина, до 4 јануари 2016 година да врши секојдневна вонредна контрола во инсталациите кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола и секој ден да доставува извештај до градоначалникот.

ПОЖАР ВО ТИКВЕШКО, ЛОВЏИИ ПЕЧЕЛЕ КОЛБАСИ

Ловџии повторно како и пред неколку дена, предизвикале пожар во Тиквешко, откако не го изгаснале добро огинот на кој печеле колбаси. 



Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во подружницата на Македонски шуми во Кавадарци потврди дека несовесни ловџии повторно предизвикале пожар.

Tuesday, December 29, 2015

ВЕШТИТЕ ЖЕНИ ДОНИРАА ДВД ПЛЕЕР ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО КАВАДАРЦИ



Вештите жени од Кавадарци им донираа ДВД плеер и други подароци на учениците со посебни потреби од специјалната паралелка при кавадаречкото основно општинско училиште „Страшо Пинџур”.

СЕ ДОГРАДУВА КЕЈОТ НА РЕКАТА ЛУДА МАРА ВО КАВАДАРЦИ


Се доградува кејот на реката Луда Мара во Кавадарци. Временски услови одат во прилог на градежните работи околу реката која го дели градот на два дела, информира денеска Службата за односи со јавноста во општина Кавадарци.

ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ КАВАДАРЦИ


Двајца битолчани се повредени во сообраќајка кај Кавадарци, кога автомобилот со кој се движеле, излетал од коловозот и удри во бетонска шахта.



Како што информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, сообраќајната несреќа се случила синоќа во околу 21 часот на регионалниот пат Мотел Дреново – Кавадарци, кај крстосницата за село Ресава.

Tuesday, December 22, 2015

ВО КАВАДАРЦИ ОД 2011 ГОДИНА ДОСЕГА ПОДНЕСЕНИ 7.249 БАРАЊА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ


 

Во Кавадарци од 2011 година досега поднесени се 7.249 барања за легализација на бесправно изградени објекти, информираше Анета Ташева од Локална самоуправа Кавадарци.

УКРАДЕНИ ПИШТОЛ И МОТОРНА ПИЛА ОД КАВАДАРЧАНЕЦ

Вчера во 13.30 часот во полициската станица- Кавадарци, Д.Ѓ.(59) од Кавадарци пријавил дека истиот ден во периодот од 8.30 до 12.30 часот непознат сторител извршил кражба во неговата куќа.



Сторителот ја скинал мрежата за заштита од инсекти, влегол внатре преку прозорот, извршил пребарување и одзел пиштол кал.7,65мм , а од друга просторија одзел моторна пила.

ПРОМОЦИЈА НА „СТРАШНИОТ АЛШАР" ОД ПОТЕР

Книгата зборува за рудникот „Алшар" на Кожуф, над Кавадарци, во кој, меѓу другото, има и лорандит, редок минерал за кој научниците сметаат дека може да помогне во решавањето на т.н. Соларен модел.



„Страшниот Алшар" е наслов на книгата од македонскиот автор Хари С. Потер, која денеска (22 декември) ќе биде промовирана во Скопје.

Monday, December 21, 2015

НА МИЛИЦА ТОДОРОВИЌ ВО КАВАДАРЦИ И ТРГНА ПИЕЊЕТО


Популарната српска пејачка Милица Тодоровиќ се почесто настапува во Кавадарци каде ги забавува кавадаречките боеми.



Таа деновиве повторно е во Тиквешијата, а веќе ги најавува и претстојните предновогодишни забави во градот на виното и рaкијата.

МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА И КОНЦЕРТ НА КУД "ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ"


Во галеријата при Домот на културата "Иван Мазов - Климе" - Кавадарци, денес (21 декември), со почеток од 18 часот, ќе биде отворена изложба на дела од 22. издание на Интернационалната кичевска ликовна колонија 2015, на која учествуваа познати македонски и странски ликовни творци.

 

Во Салата на Домот на културата "Иван Мазов - Климе", пак, ќе се одржи целовечерен концерт на КУД "Васил Хаџиманов" од Кавадарци. Настанот е закажан исто така за вечер во 18.15 часот.

ВО ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА СО МИГРАНТИ ПРОБОДЕНО СО НОЖ МОМЧЕ ОД КАВАДАРЦИ

19 годишно момче од Кавадарци прободено со нож во левата нога , а 17 годишник од Демир Капија заврши со повреда на главата при физичка пресметка со мигранти. 


Инцидентот се случил синоќа на регионалниот пат Градско Велес. Двајцата малолетници со автомобил мерцедес превезувале петмина мигранти.
Четворица од нив државјани на Мароко и еден Алжирец. За сума 700 евра требало да ги превезат до северната граница.

Monday, December 14, 2015

УТРЕВЕЧЕР ЗАВРШУВА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “КАВАДАРЕЧКА КУЛТУРНА ЕСЕН“

Со голем концерт “Стево Волчев трио и пријателите“ во вторник, 15 декември, од 19 часот во салата на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, завршува манифестацијата “Кавадаречка културна есен“...



Манифестацијата “Кавадаречка културна есен“ од почетокот на октомври до денес вклучи 60 настани од областа на ликовната уметност (изложби, перформанси), литературата (книжевни вечери, промоции, поетски читања), драмската дејност (Премиери и гостувачки театарски претстави), музиката од сите жанрови (концерти на класика, џез, староградска), фотографијата (изложби)...

Thursday, December 10, 2015

НЕБЕЗБЕДНА ВОДАТА ВО ТРИ РОСОМАНСКИ СЕЛА


Здравствено небезбедна е за пиење водата од локалните водоводи во селата Сирково, Камен Дол и Дебриште, сите во општина Росоман, информираше денеска доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ


Општина Кавадарци денеска започна со поставување на нови и со замена на оштетените сообраќајни знаци.


Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа соопшти дека по спроведениот тендер набавени се 111 нови сообраќајни знаци, 115 столбови, 10 патокази и едно сверно сообраќајно огледало.

КАМПАЊА ПРОТИВ УПОТРЕБАТА НА ПЕТАРДИ ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Полициска станица Кавадарци во соработка со Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци и основните училишта, деновиве организира кампања против употребата на петардите за време на Новогодишните празници. 


Во тек се едукативни трибини во сите основни училишта на тема: ,,Стоп за петардите,, на кои интерактивно се разговара за штетното дејство на пиротехничките средства и можните последици по здравјето на младите поради неправилна употреба на петарди и пиротехнички средства. 

Wednesday, December 9, 2015

ГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ПОЧНАА СО ОТКУП НА ТУТУНОТ


Големите откупни компании почнаа со откупот на тутунот. Од денеска тутунот се откупува во Алијанса од Кавадарци и Струмица табак, а од понеделникот вратите на пунктовите ги отворија и Сокотаб од Битола и Прилепскиот тутунски комбинат, пишува Миа.


Според Сојузот на тутунските здруженија, годинашната реколта е над 20.000 тони и е помала од ланската, но е поквалитетна. Затоа тутунарите очекуваат солидна откупна цена и реална процена на вагите на откупните пунктови.

Monday, December 7, 2015

ВО КАВАДАРЦИ РЕГИСТРИРАНИ 38 ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП



Во Кавадарци се регистрирани првите 38 лица заболени од грип за оваа сезона, информира денеска Центарот за јавно здравје Кавадарци.

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА БЛАГОЈА БАЊАНСКИ (ВИДЕО)


Во Музеј галеријата во Кавадарци беше отворена изложба на фотографии од кавадарчанецот Благоја Бањански. Станува збор за, како што рече директорот на музејот Петре Камчевски, еден од најдобрите уметнички фотографи.


Погледнете го видеото од отварањето на изложбата.

КАВАДАРЕЧКИОТ ТЕАТАР СО „ЖЕНИДБА“ ЌЕ ИГРА ВО КУМАНОВО


Во театар Куманово вечерва во 20 часот, ќе игра претставата „Женидба“ работена според текст на Николај Васиљевич Гогољ, а во изведба на театарот при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци.


Режијата е на Драган Велјановски, а актерската екипа ја сочинуваат Владанка Недева, Снежана Карова, Милица Гочевска, Видан Станоев, Диме Коцевски, Љупчо Настов Костадин Прокопов, Александар Малинков, Валентина Ѓорѓиева, Деан Атанасов, Коле Колев. Оваа претстава ќе биде прикажана во повеќе градови низ Македонија.



Sunday, December 6, 2015

ХУМОР: ЦАЦКО ЗБОРИ ЗА ПРОСТИТУЦИЈАТА (К-15)


Од две причини тоа мора да се легализира. Прво да знајме кој не онадуе, второ коа не онадуат више и да зејме по некоа паричка...

СПОРТ: ФЕНИ ИНДУСТРИ СО ЛЕСНА ПОБЕДА ПРОТИВ КОЖУВ


Кошаркарите на Фени Индустри ја запишаа и петтата победа во Првата кошаркарска лига, во 9. коло славејќи на домашен терен против Кожув со 86-67.


Пресудна за триумфот на кавадарчани беше првата четвртина која домашните ја добија со 12 поени разлика. Во продолжението гостите се обидоа да се доближат, но сепак неуспешно. Домаќините низ текот на преостанатите три периоди беспрекорно ја чуваа и надоградуваа предноста за конечна победа со 19 поени разлика.

Saturday, December 5, 2015

МАРЈАН ПЛАТИЛ 52 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА НЕВЕСТАТА НАЗМИЈЕ!


Невестата Назмије Донов од Поградец е купена за 52 илјади денари, вели пријател на Марјан, за ТВ21, кој сакаше да остане анонимен. Тој откри дека Марјан од него побарал пари за да ја ожени Назмије.


Од друга страна, Марјан негираше дека платил за невестата Назмије.

Даниела Илиева уште пред една недела и понуди правна помош на Назмије, но официјално од денеска таа е нејзина адвокатка.

Министерството за труд и социјална политика очекува поголеми детали од страна на центарот за социјални работи во Кавадарци. Од таму велат дека министерката Ременски е запознаена со овој случај.

МАРШ НА ВОЛОНТЕРИТЕ ДО ЦРКВАТА „СВЕТИ СПАС“ НА ЉУБАШ

По повод 5-ти Декември, меѓународниот ден на волонтеризмот денеска волонтерите од Кавадарци организираа марш. Настанот беше во организација на Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво. 


- Целта е да се нагласи значењето на спортот како здрав начин на живот и тој да биде изборот на младите, а не пороците, рече Димитар Каракулев, претседател на Советот. 

ДВА МЕСЕЦА ЗАТВОР ЗА КАВАДАРЧАНЕЦ ЗА ОШТЕТУВАЊЕ ЕЛЕКТРИЧНИ КАБЛИ


Кавадарчанецот С.В. доби затворска казна од два месеца за уништување и оштетување јавни инсталации. Одлуката ја донесе Основниот суд во Неготино.



Од ЕВН Македонија информираат дека на 22 јуни 2005 година околу 08.30 часот, на ул. „Индустриска бб„ во Неготино, обвинетиот С. В. без одобрение од надлежен орган вршел ископ на земја со градежна машина – багер, иако бил свесен дека поради тоа може да предизвика сериозни последици. При ископот оштетил три доводни електрични кабли на трафостаници, предизвикувајќи прекин на електрична енергија кај домаќинставата и бизнис корисниците, како и материјална штета на ЕВН Македонија за оштетената мрежа.

Утврдената казна затвор нема да се изврши, доколку обвинетиот во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори било какво друго кривично дело.

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА БЛАГОЈА БАЊАНСКИ


Синоќа во Музеј галеријата во Кавадарци беше отворена изложба на фотографии од кавадарчанецот Благоја Бањански. Станува збор за, како што рече директорот на музејот Петре Камчевски, еден од најдобрите уметнички фотографи.


- За својата работа тој има добиено бројни награди и признанија. Идејата за една ваква изложба дојде од дизајнерот Јадран Манчев кога ја работевме монографијата "Кавадарци во делата на старите фотографи". Тој кажа дека видел многу интересни фотографии од архивата на Бањански кои заслужуваат да бидат објавени во една изложба, рече Камчевски. 

КАРИКАТУРА: ПРЕПРЕКИ



Црта и пишува: Саша Димитријевиќ
Извор: www.belami.rs

ЗА НАСИЛСТВО НАД НЕВЕСТАТА: Семејството бара одговорност од зетот

Семејството Амџаи од Поградец, Албанија пристигна во Кавадарци. ТВ21 и овозможи на Назмије да стапи во контакт со нејзиното семејство, кое на тој начин дозна дека нивната ќерка е жртва на семејно насилство. Нејзината мајка, Рајмонда, разочарана, признава дека три месеци немала никаков контакт неа.


- Од Албанија тргнавме во 4 часот наутро и сега сме тука да дознаеме повеќе за ова, за моето дете. Мојата ќерка не е најдена на улица, таа има мајка, татко и четири сестри“, раскажува мајката на Назмије.

УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ

Општина Кавадарци и здружението „Чекор кон Европа” од 2 до 7 декември декември организира јавна расправа по предлог програмата за Комунално уредување, предлог програмата за Локален Економски Развој и Буџетот на општина Кавадарци за 2016 година.


Јавните расправи на отворени средби со граѓаните се организираат во рамките на проектот ,,Нашите Пари Наша Одговорност”, финансиран од Амбасадата на САД во Република Македонија. 

Thursday, December 3, 2015

НЕВЕСТА ОД АЛБАНИЈА, ЖРТВА НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО, ЖИВЕЕ ВО СПОРТСКАТА САЛА ВО КАВАДАРЦИ!


25 годишната Назмије Донов од село Оснат – Поградец, Албанија, пред две години се омажила во Кавадарци. Но нејзината брачна среќа не траела долго по раѓањето на првото дете, објави телевизијата ТВ21.


Назмијие Донов објаснува дека е жртва на насилство, откако нејзиниот маж секој ден вршел насилство врз неа, а подоцна била и избркана од куќата каде што живеела. Таа сега живее во спортската сала Јасмин во Кавадарци, додека нејзиното дете останува кај семејството на нејзиниот маж.

ДОНИРАНИ 10 ТЕЛЕВИЗОРИ ЗА ХИРУРШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО КАВАДАРЦИ



За хируршкото одделение во општата болница во Кавадарци денеска 10 телевизори донираше компанијата „Кожувчанка“, за што благодарност упати началникот на одделението, доктор Дано Кулев, специјалист по хирургија.

НА ДЕНОТ НА ДРВОТО ВО КАВАДАРЦИ И РОСОМАН ЗАСАДЕНИ НАД 200 ИЛЈАДИ ДРВЦА

Околу двеста илјади дрвца беа засадени во Кавадарци и Росоман, во рамките на манифестацијата посветена на денот на дрвото. За таа цел беа обработени и пoдготвени околу 50 хектари површина. 


-Три хектари беа посадени во месноста "Калница" над игралиштето во селото Ваташа, 15 во “Тисовец” кај Возарци, 1 хектар на потегот меѓу мини централата кај манастирот во Моклиште и моклишката брана, како и 30 хектари во месноста “Велова чешма” меѓу селата Сирково и Мрзен Ораовец. На еден хектар бea посадени по околу 4 илјади садници, информира магистер Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми од подружницата на Јавното претпријатие "Македонски шуми" во Кавадарци.
 
Садниците биле обезбедени од расадникот на подружницата “Бор”, кој е во селото Марена. Се работи за дрвца јавор, јасен, багрем, чемпрес.

Пишува: Марјан Димитров 

Wednesday, December 2, 2015

„МАКЕДОНСКИ ВИНСКИ ПЕЈСАЖИ„ ВО ДЕЛАТА НА БЕРНХАРД ХОЛЕМАН


Вчера во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена изложба на познатиот австриски ликовен уметник Бернхард Холеман со наслов “Македонски вински пејсажи“.


Преставувајќи го пред ликовната публика, директорот на Домот на културата „Ивана Мазов Климе“ - Владимир Темков, подвлече дека Кавадарци има чест што е домаќин на изложба на овој австриски уметник.

ЕВЕ КАКВО ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Минималната утринска температура во Кавадарци беше 1 °C.
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб доумерен вететер, а температурата ќе се движи од 10 до 16 °C.


Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време, со релативно високи температури за овој период од годината.Од четврток ќе има услови за појава на утринска магла. Максималната температура претежно ќе биде во интервал од 10 до 16 °C.

Tuesday, December 1, 2015

УТРЕ E ДЕН НА ДРВОТО ВО МАКЕДОНИЈА: ВО КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА СЕ САДЕШЕ КАЈ ЦРКВАТА „СВЕТА ПЕТКА“

Утре во Макеоднија под мотото „Садиме заедно за нас“ ќе се спроведе акцијата „Ден на дрвото“. Ќе се пошумува на повеќе локации. 

Денеска во пресрет на утрешниот ден се садеа садници пред новиот храм во Кавадарци посветен на Света Петка. 


Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов засади „Јапонска цреша“, заедно со претставниците на фондацијата „Ден на дрвото“ ЈП „Македонски шуми-Бор“, претседателот на одборот за градба на црквата Митко Јанчев како и свештеници од МПЦ -Повардарска епархија- храм Кавадарци.

ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП