Во тек се едукативни трибини во сите основни училишта на тема: ,,Стоп за петардите,, на кои интерактивно се разговара за штетното дејство на пиротехничките средства и можните последици по здравјето на младите поради неправилна употреба на петарди и пиротехнички средства.
Во светот на годишно ниво околу 150.000 луѓе се повредуваат од петарди, од кои 80% се деца, а во република Македонија во просек годишно има по 10 деца повредени од петарди за време на Новогодишната ноќ. Најчесто во овие повреди страдаат дланките од рацете, лицето, очите, цесто има и оштетувања на слухот кај децата.
Во кампањата се вклучуваат и спортските колективи и клубови кои преку едукативни пораки упатуваат исто така апел до сите граѓани употребата на петарди за време на Новогодишните празници да се сведе на минимум.
0 comments:
Post a Comment