Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа соопшти дека по спроведениот тендер набавени се 111 нови сообраќајни знаци, 115 столбови, 10 патокази и едно сверно сообраќајно огледало.
Сообраќајните знаци, како што информира општината, ќе бидат поставени на локалните патни правци Ресава-Бегниште, патот кон селото Дреново и на делницата од локалниот пат Ладно Долче–Страгово. Одреден дел од знаците ќе се постават и на улиците во Кавадарци.
Согласно Програмата за сообраќај, локалната самоуправа за оваа намена ќе одвои вкупно 486.750 денари. Поставувањето на новите знаци ќе трае во следните десетина дена.
0 comments:
Post a Comment