Monday, February 22, 2016

ТЕАТАР: ПО БАРАЊЕ НА КАВДАРЕЧКАТА ПУБЛИКА, ВЕЧЕРВА ПОВТОРНО "ЖЕНИДБА"


Денес, 22 февруари 2016, со почеток од 19.30 часот по барање на кавадаречката публика, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе ја игра претставата “Женидба“, работена по текст на Н.В.Гогољ, а во режија на Драган Велјановски како гостин.


Во претставата играат: Владанка Недева, Снежана Карова, Милица Гочевска, Видан Станоев, Диме Коцевски, Љупчо Настов, Костадин Прокопов, Александар Малинков, Валентина Ѓорѓиева, Деан Атанасов и Коле Колев. Уметничката подршка е на Владимир Темков и Билјана Соколова, суфлери се Симона Богева и Кристина Сакалиева, а техничката подршка е на Марјан Тодоровски и Диме Темков.

Претставата “Женидба“ во Кавадарци доаѓа пред долго очекуваното гостување во Скопје, во Драмски Театар на 29 февруари 2016.

Влезниците по цена од 100 денари ќе бидат во продажба два часа пред почетокот на претставата (од 17.30 до 19.30 часот).

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП