Saturday, December 5, 2015

УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ

Општина Кавадарци и здружението „Чекор кон Европа” од 2 до 7 декември декември организира јавна расправа по предлог програмата за Комунално уредување, предлог програмата за Локален Економски Развој и Буџетот на општина Кавадарци за 2016 година.


Јавните расправи на отворени средби со граѓаните се организираат во рамките на проектот ,,Нашите Пари Наша Одговорност”, финансиран од Амбасадата на САД во Република Македонија. 

Средбите се одржуваат во Големата сала на Општина Кавадарци. Распоредот со термините за одржување на средбите се истакнати на интернет страницата на Општина Кавадарци www kavadarci.gov.mk


Од Локалната самоуправа очекуваат присуство и придонес во изготвувањето на поквалитетни програмски решенија усогласени со реалните барања на граѓаните на општина Кавадарци, порачуваат од Локалната самоуправа Кавадарци. /М.Д.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП