Thursday, December 3, 2015

НЕВЕСТА ОД АЛБАНИЈА, ЖРТВА НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО, ЖИВЕЕ ВО СПОРТСКАТА САЛА ВО КАВАДАРЦИ!


25 годишната Назмије Донов од село Оснат – Поградец, Албанија, пред две години се омажила во Кавадарци. Но нејзината брачна среќа не траела долго по раѓањето на првото дете, објави телевизијата ТВ21.


Назмијие Донов објаснува дека е жртва на насилство, откако нејзиниот маж секој ден вршел насилство врз неа, а подоцна била и избркана од куќата каде што живеела. Таа сега живее во спортската сала Јасмин во Кавадарци, додека нејзиното дете останува кај семејството на нејзиниот маж.

Нејзината адвокатка, Даниела Илиева истакна дека на нејзината клиентка е изврешна неправда, откако таа е прогласена како лице која врши насилство врз нејзиното дете и има забрана да го види.

Според Илиева, судот делува еднострано, и не го зима предвид насилството вршено врз неа од нејзиниот маж. Додава дека не може да зборува повеќе затоа што ова постапка е затворена.

Назмије очекува од институциите да и укажат помош и дека правдата ќе излезе на површина, овозможувајќи и да го види нејзиното дете како и покрив над глава.

Повеќе, ОВДЕ

Фото/Видео:ТВ21

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП