Thursday, December 3, 2015

ДОНИРАНИ 10 ТЕЛЕВИЗОРИ ЗА ХИРУРШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО КАВАДАРЦИ



За хируршкото одделение во општата болница во Кавадарци денеска 10 телевизори донираше компанијата „Кожувчанка“, за што благодарност упати началникот на одделението, доктор Дано Кулев, специјалист по хирургија.

- Ова е од големо значење за болницата и за нас вработените во неа, а особено за пациентите кои се лекуваат на нашето одделение. Во услови кога некои од нив поради здравствени причини се принудени да останат во болнички кревет на лекување, телевизиските приемници им доаѓаат како начин за поминување на дел од времето, рече Кулев.

Тој нагласи дека компанијата и претходно има донирано во болницата, како впрочем и на многу други места.

- Болницата веќе има добиено едно болничко комбе од оваа компанија, а донаторот учествуваше и во набавката на уште едно возило за потребите на нашата здравственаустанова, како и во реновирањето на на хируршкото одделение пред неколку години,рече Кулев.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП