Спортската сала „Јасмин“ и овој викенд е во центарот на вниманието на сите оние кои сакаат да ги бодрат кавадаречките спортски колективи.
Спортската програма ќе започне во сабота во 11 часот и 30 минути, за кога е и закажан стартот на натпреварот од М-16 машката кошаркарска лига помеѓу Фени Индустри и Јуниор.
Кошаркарската програма ќе продолжи во 15 часот и 30 миунти и тоа со дербито помеѓу М-18 екипите на Фени Индустри и Работнички. Иако „кошаркарската“ сабота требаше да се комплетира со дуелот помеѓу Фени Индустри и МЗТ Скопје, сепак натпреварот од четвртото коло од најсилната македонска машка кошаркарска лига ќе се одига во среда, 4 ноември со почеток од 18 часот.
Во недела на програмата е само еден натпревар, и тоа од првата машка ракометна лига, во кој ракометарите на градскиот ракометен клуб Тиквеш на свој терен ќе се обидат да го совладаат тимот на Куманово и да му се вратат на победите по минатонеделниот пораз од тимот на Текстилец во претходното коло. Натпреварот од редовното седмо коло ќе започне во 14 часот, а вообичаено влезот во спортската сала ќе биде бесплатен. (М.Д)
0 comments:
Post a Comment