Saturday, October 31, 2015

АНКЕТА: РЕЧИСИ 100 ПРОЦЕНТИ ОД АНКЕТИРАНИТЕ ПАЦИЕНТИ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТАТА НА ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ



Задоволство искажале од медицинската помош што им ја пружиле лекарите и останатиот персонал, но и од условите во болничките соби.

„ Изминатиот период во болницата се инвестирани над 42 милиони денари за нова современа медицинска опрема, од кои најголем дел се набавени од Министерството за здравство , нов рентген апарат, хируршки стол со опрема, апарат за анестезија, биохемиски анализатори. Го изолираме просторот на рентген одделот за нов мамограф, а во најава се и апарати за неврологија нов ЕЕГ и ЕМГ “ - изјави Орце Ангеловски – Директор на болницата во Кавадарци.

Во болницата вели Ангеловски континуирано се посветува внимание и на професионалното усовршување на постојниот , но и обезбедување на нов работен кадар.
Дел од новите лекари меѓи кои хирурзи педијатар и интернист се превземени од приватното здравство.

„ Реализирани се нови вработувања на осум општи доктори, четири специјалисти, 11 медицински сестри, осум општи работници. Доделени се седум специјализации на доктори од кои две на радиологија, една на психијатрија, една на гинекологија, една на ОРЛ и една на клиничка биохемија“ – изјави Ангеловски.

23 од вкупно 32 лекари од болницата досега биле на едукација во странство.

Според директорот на установата, резултатите од анкетата се само доказ за заложбите на менаџментот и Министерството за здравство, за унапредување на условите во истата.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП