Saturday, October 31, 2015

СПОРТ: Фени индустри казнет со 14.000 денари



Во релативно мирното трето коло од кошаркарскиот шампионат најлошо мина Фени индустри. Кавадарчани загубија добиен меч против Работнички, а згора на тоа ќе треба да платат и 14.000 денари како казна за однесувањето на своите навивачи во пресметката со скопскиот клуб.

Воедно, во Билтенот на Комесарот за натпреварување се наведува дека жалбата што била поднесена од страна на Фени индустри веднаш по мечот со Работнички нема да биде земена во предвид бидејќи не била уплатена пропишаната такса.

01. Одиграните натпревари се регистрираат со постигнатите резултати.

02. Екипата на КК Фени И. за фрлање на меки предмети по член 54.2 се казнува со парична казна во износ од 4.000,00 денари

03. Екипата на КК Фени И. за фрлање на тврди предмети по член 54.3 се казнува со парична казна во износ од 10.000,00 денари

04. Жалбата на КК Фени И. не е земена на разгледување бидејќи не е уплатена пропишана такса во утврден рок член 47.2 Пропозиции за натпреварување.

05. Играчот на КК Кожув Пен Б.(287) за досудена Т.Г. по член 55.1 се казнува со парична казна во износ од 2.000,00 денари

Извор: Екипа.мк

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП