Monday, November 2, 2015

ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ ТИКВЕШ 2014 СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА ОД 5-2 НАД ЕКИПАТА НА ЗОРБАС-ПОБЕДА



Фудбалскиот клуб Тиквеш 2014 со убедлива победа од 5-2 над екипата на Зорбас-Победа, ги израдуваа своите навивачи и фанови.

Мите Илов, Симеон Симеонов, Александар Јованов со по еден погодок и Горан Стојановски со два гола беа креатори на победата во последниот натпревар на домашен терен од есенскиот дел од третата по ранг фудбалска лига - југ, која беше обезбедена уште во првото полувреме кое Тиквеш 2014 го доби со 4-1.
Продолжението од натпреварот беше чиста формалност, иако во него публиката виде два гола, по еден во мрежите на голманите на Тиквеш 2014, кои влијаеа само на крајниот резултат, Тиквеш - Зорбас Победа 5-2.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП