На 31 октомври годинава во Битола, тие настапија на државниот натпревар во гимнастика каде го освоија одличното второ место за помлади пионерки и трето место за Верица Златева во јуниорска конкуренција.
Според информацијата на тренерите Јагода Нацева и Елена Каракулева нашата екипа била компактна и покажала одлично владеење со изведбата на потребната вежба.
Нашиот тим го сочинувале Матеа Чупаркоска,Марија Вчкова, Ивона Ристова, Ивана Кострадинова, Мартина Бошкова, Моника Трајкова и Сандра Колева.
Кавадарци и овој пат покажа, велат Нацева и Каракулева, дека и во помал град како нашиот можат да работат млади и да успеат да ја совладат гимнастиката и покрај тешките услови во кои работат.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment