- При днешната редовна достава на храна за мршојадците на хранилиштето Витачево, забележавме мал црн мршојадец, во втората или третата година од животот. Леташе над хранилиштето во група од 28 белоглави мршојадци. Прво не ни се веруваше дека навистина е црн мршојадец, но по проверка со телескоп, немаше никаков сомнеж-изјави Лисичанец.
Тој потсети дека последниот црн мршојадец исчезна од Македонија во 2005 година и оттогаш, ова е прв пат да биде забележано неговото присуство овде.
- Навистина е штета што не носев квалитетен апарат па затоа фотографиите не се со најдобар квалитет, но повеќе од доволни се за документирање на видот-рече тој.
Сево ова е многу значајно, додаде нашиот соговорник.
- Сепак треба да се нагласи дека е само дел од есенската миграција на младите птици, но се надеваме дека во блиска или подалечна иднина, ќе има се повеќе и повеќе црни мршојадци на Балканот-рече Лисичанец. (М.Д.)
0 comments:
Post a Comment