На пригодна свеченост која денеска се одржа во село Ваташа, каде е сместена петтата хидоцентрала на реконструираниот водоснабдителен систем ХМС "Бошава", беше означен стартот за редовно работење на овој капитален објект вреден 20 милиони евра.
Преку јавно приватно партнерство Водостопанство „ТИКВЕШ„ и Турбоинститурт од Љубљана за околу 3 години ја завршија работата на ХМС,,Бошава“ - истовремено се изградија пет мали хидроцентрали. Всушност водата се користи за четири намени: водоснабдување на Кавадарци и Росоман, за наводнување на површини во Тиквешијата, за производство на електрична енергија и чистење на долниот дел на реката „Луда Мара„.
Преку јавно приватно партнерство со словенечкиот партнер, приватната фирма “Турбоинштитут”, потпишаа договор за јавно приватно партнерство за реконструкција на хидросистемот “Бошава” и изградба на пет мали централи со максимална инсталирана моќност од 11 мегавати што ке произведуваат годишно 33,1 милиони КВЧ електрична енергија како и доведување на нова количина на вода за пиење за градот Кавадарци со што трајно ќе се реши прашањето со вода за пиење во наредните 30 години за Кавадарци и Росоман, а беспрекорно ке се наводнуваат над 1500 херктари земјоделска површина.
На денешната свеченост на концернот Колектор, фирмата „Колектор-Турбоинситут„ од Словенија, домашните компании "Водостопантво Тиквеш", фирмата "Хидро Бошава", истовремено се нагласи стопанската дименција на потфатот.
На средбата беа присутни преставници на Локалната самоуправа и градоначалници од Општините од Тиквешијата,Советот на Општина Кавадарци, дипломати,преставници на фирми изведувачи на ХМС „Бошава„ преставници на Владини инситуции,директори на стопански субјеки и граѓани.
Изградбата на 5-те хидроцентрали значи производство на зелена еколошка енергија, искорстеност на водите ,рекострукција на најстариот хидро мелиоративен систем БОШАВА кој целосно беше руиниран, а истовремено се обезбеди вода за пиење на Кавадарци, Росоман и дриугите населби за период од најмалку 30 години.
За компанијата и нејзините стратешки изведби и цели на ,,Колектиор- Турбоинситут„ говореа директорот Франци Флоријалчиќ и претседателот на УО на „Колектор„Радован Полко., како и генералнниот секретар на Министертсвото за стопананство на Словенија.
Од македоносна страна од име на Министертсвотро за зедмјоделие на присутните им се обрати Зам. Министерот за земјоделие шумарство и водостоипанство Ванчо Костадиновски, кој нагласи дека ова е прв ваков објект во Македонија кој се гради со јавно-приватно партнерство.
Во наредниот период Владата ке намени 200 милиони евра инвестиции со кои ке бидат со наводнување опфатени над 85.илјади хектари земјоделско земјиште , и изградба на други објекти.
Градоначалникот Александар Панов за новинарите го искажа големното задоволство и подршкатра која од првиот момент ја даваше македонката влада и вице премиерот Зоран Ставревки, големата подршка и заложба на Локалната сампоуправа особено Виодостопанство Тиквеш и Хидро Бошава, како и градежната оператива на Градба Промет од Кавадарци и фирма од Велес.
Инаку со овие пет хидро центарли ќе се подобри енегетскиот потенцијал на самата држава, а многу е значајно што станува збор за обновлив извор на енергија. Програмата на Владата има зацртано да се градат вакви централи на вода и сончеви колектори, а со новите количини на електрична енергија ќе се зголеми и енергетската ефикасност на самата држава.
- Со изградбата на централите ќе се овозможи и добра финансиска конструкција и за самото “Водостопанство” како и за приватниот партнер. Изградена е и нова каналска мрежа и цевководи до самите централи.
- Ние ги обезбедивме водостопанска дозвола и постоечката каналска инфраструктура, а тие ги изградија централите и извршија комплетна реконструкција на каналите за наводнување, со што се добија и поголеми количини на вода за наводнување. На 27 години на експлоатација на централите, ние имаме процент од наплатата на струјата. Тој процент ќе варира низ годините. Првично, на годишно ниво, “Водостопанство” би имало приход од 150 до 200 илјади евра. После 27 години, целата инвестиција останува во наша сопственост- истакна за новинарите директорот на Водостопанство “Тиквеш”, Љубе Димов.
Пишува: М.Димитров
- Ние ги обезбедивме водостопанска дозвола и постоечката каналска инфраструктура, а тие ги изградија централите и извршија комплетна реконструкција на каналите за наводнување, со што се добија и поголеми количини на вода за наводнување. На 27 години на експлоатација на централите, ние имаме процент од наплатата на струјата. Тој процент ќе варира низ годините. Првично, на годишно ниво, “Водостопанство” би имало приход од 150 до 200 илјади евра. После 27 години, целата инвестиција останува во наша сопственост- истакна за новинарите директорот на Водостопанство “Тиквеш”, Љубе Димов.
Пишува: М.Димитров
0 comments:
Post a Comment