Thursday, October 29, 2015

КАВАДАРЧАНЕЦ ДОБИ НА ЛОТО: СО 60 ДЕНАРИ ДО 4.000 ЕВРА



84 Коло на НовоЛото 7/34 донесе добивка 6+1 , вредна 241.566,50 денари. Среќниот добитник овој пат пристигна од Кавадарци во просториите на Државна лотарија на Македонија. Своите среќни броеви ги распоредил во 4 комбинации и уплатил вкупно 60 денари, во за него, среќното место СИГМА во Кавадарци.

Како што ни рече верен лото играч е веќе 45 години , а последниве години не пропушта ниту едно коло на НовоЛото 7/34. Редовно ги игра своите среќни броеви, кои се состојат од родендените на неговите син и ќерка , како и број на станот во кој живее и слични броеви кои за него значат многу. Досега среќата му се насмевнала неколку пати , па така имал повеќе пати 5 погодоци, но ова е најголемата добивка за него. Два пати дури му се случило и да ја загуби или заборави потврдата за уплата, која веќе била добитна, но сепак среќата повторно го нашла својот пат до Сашо Петрески од Кавадарци, кој , како што рече, и понатаму ќе продолжи да игра НовоЛото 7/34.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП