Постои верување, дека планетите имаат влијание врз деновите во седмицата и секој ден е поволен за различни нешта.
Понеделник
Во понеделник не треба да почнувате ништо бидејќи во овој ден Месечината е многу променлива. Обично сме емотивни, нерасположени и под силно влијание на интуицијата. За многу луѓе ова е најпредизвикувачкиот ден од неделата. Препрачливи активности за во понеделник се: медитација, анализирање, лични задоволства, одмор, релаксација, спиење.
Вторник
Во вторник владее Марс, а тој ја поттикнува продуктивноста, компетицијата, ефективноста и одлучноста. Поволен е за завршување на сите рутински работи кои се однапред договорени и не бараат преголема ментална активност. Покрај тоа што е одличен ден да ги завршите заостанатите работи, добар е и за започнување нови проекти. Препорачливи активности за во вторник се: реализирање на нови идеи, градење стратегии во кариерата и на работа, започнување нови проекти, расчистување, вежбање, дополнување на to-do листите.
Среда
Среда е ден на комуникацијата, ден во кој работите ги разбираме на екстремно прецизен и ефикасен начин. Поволен ден за коресподенција, маркетиншки активности, состаноци, преговори и кратки патувања. Во среда владее Меркур, поради што е поволен ден за дружење и забава.
Четврток
Четврток е најпродуктивен ден во неделата. Во овој ден владее Јупитер, а тој има моќ да го распали огнот во нас и да нѐ натера да делуваме. Јупитер е планета на претприемништвото и експанзијата. Поволен е за важни работи како, на пример, потпишување договори, поврзување со нови соработници, учење и финансиски трансакции. Особено е поволен и за долгорочно планирање. Јупитер носи голема позитивна енергија која може да се почувствува во текот на целиот ден.
Петок
Венера владее во петок, а таа е симбол на љубовта, конекцијата, припадноста, удобноста, вниманието, сензуалноста и страста. Токму затоа, петок е идеален ден за партнерот, семејств;то, пријателите и децата. Одличен е за подготовки за викенд, одмор, масажа, забава и релаксација. Најтипично е да го искористите за многу романтика.
Сабота
Со сабота владее Сатурн кој е заслужен за помагање на другите. Во сабота поминете време со семејството. Саботата е препорачлива за мир и чистење во домот. Исто така овој ден е и оптимален за завршување на работите, планирање на неделата која следува, подготовка за идните активности, учење и слично.
Недела
Со недела владее Сонцето. Неделата е идеален е за активен одмор со семејството, пријателите и соседите. Сонцето е во духот на споделувањето, изразувањето, распространувањето, осветлувањето и растот. Затоа е добар ден за одмор и релаксација, забава со саканите, купување за дома, готвење и слично.
Извор: Република
0 comments:
Post a Comment