- Од Албанија тргнавме во 4 часот наутро и сега сме тука да дознаеме повеќе за ова, за моето дете. Мојата ќерка не е најдена на улица, таа има мајка, татко и четири сестри“, раскажува мајката на Назмије.
Близок роднина на Назмије, Алеко бара одговорност од нивниот зет, бидејќи ја избркал од куќата каде што живеела.„Ако зетот е правичен во настанатиот проблем, зошто не излезе пред нас и да ни ги објасни причините за разделбата.
- Зошто таа била малтретирана, зошто два месеци била по судови и во полиција без да знаат нејзините родители? Која е причината? Сакаме ние да знаеме“, вели Алеко Маѓистари, роднина на Назмије.
Даниела Илиева, адвокатка на жртвата, рече дека според законот, семејството на Назмије има право да го види својот внук.
ТВ21 од амбасадата на Република Албанија побара информации за тоа какви мерки ќе преземат, бидејќи Назмије е нивна државјанка, а дозволата за престој во Македонија и е истечена. Одговор на ова прашање од нивна страна, за жал, не добиле.
Целиот текст прочитајте го ОВДЕ
Извор: ТВ21
0 comments:
Post a Comment