Saturday, December 5, 2015

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА БЛАГОЈА БАЊАНСКИ


Синоќа во Музеј галеријата во Кавадарци беше отворена изложба на фотографии од кавадарчанецот Благоја Бањански. Станува збор за, како што рече директорот на музејот Петре Камчевски, еден од најдобрите уметнички фотографи.


- За својата работа тој има добиено бројни награди и признанија. Идејата за една ваква изложба дојде од дизајнерот Јадран Манчев кога ја работевме монографијата "Кавадарци во делата на старите фотографи". Тој кажа дека видел многу интересни фотографии од архивата на Бањански кои заслужуваат да бидат објавени во една изложба, рече Камчевски. 


Изложбата на која се претставени 40 фотографии направени од 1960 до 1977 година, ќе биде отворена во наредните дваесетина дена. 

Благоја Бањански е роден во Кавадарци 1940 година. Завршил градежно архитектонски факултет во Скопје. Како студент бил претседател на студентскиот фото клуб "Вардар". Загинал во сообраќајна несреќа во 1977 година.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП