Saturday, December 5, 2015

МАРЈАН ПЛАТИЛ 52 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА НЕВЕСТАТА НАЗМИЈЕ!


Невестата Назмије Донов од Поградец е купена за 52 илјади денари, вели пријател на Марјан, за ТВ21, кој сакаше да остане анонимен. Тој откри дека Марјан од него побарал пари за да ја ожени Назмије.


Од друга страна, Марјан негираше дека платил за невестата Назмије.

Даниела Илиева уште пред една недела и понуди правна помош на Назмије, но официјално од денеска таа е нејзина адвокатка.

Министерството за труд и социјална политика очекува поголеми детали од страна на центарот за социјални работи во Кавадарци. Од таму велат дека министерката Ременски е запознаена со овој случај.

Во меѓувреме се води судска постапка за старателство на двегодишниот син Илија. Според адвокатката на Назмије, големи се шансите старателството да го добие Марјан, бидејќи нејзината клиентка нема лични финансиски примања, а нема ниту постојано место за живеење.



Целиот текст прочитајте го ОВДЕ
Извор: ТВ21

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП