Saturday, December 5, 2015

МАРШ НА ВОЛОНТЕРИТЕ ДО ЦРКВАТА „СВЕТИ СПАС“ НА ЉУБАШ

По повод 5-ти Декември, меѓународниот ден на волонтеризмот денеска волонтерите од Кавадарци организираа марш. Настанот беше во организација на Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво. 


- Целта е да се нагласи значењето на спортот како здрав начин на живот и тој да биде изборот на младите, а не пороците, рече Димитар Каракулев, претседател на Советот. 

Во маршот учествуваа волонтери од невладини организции, спортисти, рекреативци и обични граѓани кои решија низ дружење заеднички да го поминат овој ден. Тргнувањето беше од кај спортскала сала “Јасмин”, а учесниците во маршот поминаа околу 8 километри, до месноста Љубаш и назад. Одмараа крај црквата “Свети Спас”.

М.Д.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП