Wednesday, December 30, 2015

„НЕ“ ЗА ПЕТАРДИТЕ И ПОРОЦИТЕ!


Советот за превенција од малолетничка деликвенција во Кавадарци организираше низа акции во сите спортски колективи и училишта во градот. Кон овие акции се приклучија и повеќе друштва , невладини организации, претпријатија и граѓани.



Со ова се кажува „НЕ“ на петардите и на другите пороци кои се натураат на младите.
Граѓаните на Кавадарци ја подржаа иницијативата на нивниот сограѓанин Димитар Каракулев за време на новогодишните и божиќните празници да не се употребуваат петради од кои стрдаат многу деца, но и искоренување на другите пороци меѓу младите.




Исто така во организација на отсекот за превенција при полицијската станица во Кавадарци беше спроведена превентивна акција: “КОГА ВОЗИШ НЕМОЈ ДА ПИЕШ-КОГА ПИЕШ НЕМАЈ ДА ВОЗИШ”. Акцијата беше спроведена со цел, да се предупредат граѓаните и воедно да се избегнат сообраќајни незгоди во предстојните новогодишни и божиќни празници.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП