Во Кавадарци ќе има две литии во чест на Богојавление Водици, информираат од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа.
Претходно како вовед во чинот на потопувањето на крстот, МПЦ во црквите извршува света литургија за Богојавленскиот водосвет. Во Кавадрци за прв пат богослужба за Водици ќе има и во новата црква Св. „Преподобна Параскева-Петка”. Свештените лица во вторник на 19 јануари ќе имаат свечени литургии во старата црква „Св. „Димитрија“ и во новата Св. „Петка“.
– Веднаш после литургијата во базенчето на црквата “Свети Димитрија”, ќе се изврши водосвет на водата, а крстот со литија по улиците „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ и „7 Септември“ ќе се упати кон реката Луда Мара. За прв пат кон мостот кај „Јаворот“ ќе се упати и литија од новата црква „Света Петка Параскева“, која ќе се движи по улиците од новата црква по дел од булеварите „Вељко Влаховиќ“ , “Никола Минчев“, и “Македонија“ и улицата “Блажо Алексов“ до мостот на “7-ми Септември“, стои во соопштението.
МПЦ-ОА упатува повик до граѓаните во вторник на 19 јануари 2016 година да се приклучат што помасовно на поворката со светиот крст и заедно со свештенстото како што налага редот, низ кавадаречките улици да го пренесат светиот крст до водите на реката Луда Мара. Фрлањето на крстот ќе се изврши во 11:00 часот.
– Традиционално Богојавленски водосвет ќе се изврши и на Браната „Моклиште„, таму крстот ќе се фрла во 12:00 часот, се вели во Соопштението на Службата за односи со јавноста на Општина Кавадарци, по повод прославата на големиот верски празник Богојавление.
0 comments:
Post a Comment