Од 25 до 40 сантиметри изнесува снежната покривка кон десетина села под планината Кожув кавадаречко, пренесе МИА.

Според Ристе Еленов, раководител на компанијата „Јами", која од кавадаречката локална самоуправа е задолжена за зимско одржување на патиштата во општината, работниците и механизацијата постојано работат на терен.
- Патиштата постојано се чистат од снегот и се одржуваат проодни. Моментно се интервенира со чистење и фрлање сол на делниците кон селата Бојанчиште, Бохула и Чемерско, соопшти Еленов.
Апелира сите кои имаат намера да се движат во поткожувјето, задолжително да имаат зимска опрема во своите возила.
0 comments:
Post a Comment