Sunday, December 6, 2015

СПОРТ: ФЕНИ ИНДУСТРИ СО ЛЕСНА ПОБЕДА ПРОТИВ КОЖУВ


Кошаркарите на Фени Индустри ја запишаа и петтата победа во Првата кошаркарска лига, во 9. коло славејќи на домашен терен против Кожув со 86-67.


Пресудна за триумфот на кавадарчани беше првата четвртина која домашните ја добија со 12 поени разлика. Во продолжението гостите се обидоа да се доближат, но сепак неуспешно. Домаќините низ текот на преостанатите три периоди беспрекорно ја чуваа и надоградуваа предноста за конечна победа со 19 поени разлика.

Кожув претходно, исклучувајќи го оној пораз од МЗТ Скопје во Гевгелија во предвреме одиграниот натпревар од 10. коло, имаше четири едноподруго победи од 5. до 8. коло. Но, Фени Индустри стави крај на низата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Николовски со 15 поени, дополнети и со шест скока, а по 14 поени запишаа Петровски и Пековиќ. Враговиќ дуелот го заврши со 12 поени. Во тимот на Кожув, капитенот Враговиќ имаше одлична партија со 22 поени и седум скока, а Пен мечот го заврши со 18 постигнати поени.

Извор: Екипа.мк

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП