Tuesday, December 22, 2015

ВО КАВАДАРЦИ ОД 2011 ГОДИНА ДОСЕГА ПОДНЕСЕНИ 7.249 БАРАЊА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ


 

Во Кавадарци од 2011 година досега поднесени се 7.249 барања за легализација на бесправно изградени објекти, информираше Анета Ташева од Локална самоуправа Кавадарци.

- Илјада петстотини и шеесет предмети се завршени и донесени се решенија за легализација. Во постапка за легализација се 2.700 предмети. Поради некомплетна документација, прекината е постапката за легализација кај 2.983 предмети. Одбиени се 6 барања поднесени од сопственици на нелегално изградени објекти, соопшти Ташева.

Таа додаде дека согласно на измените на старото законско решение, геодетските елаборати требаше да се доставуваат до 31 декември оваа година, а со новите законски одредби, овој рок е продолжен до 31 декември наредната година.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП