Вчера во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена изложба на познатиот австриски ликовен уметник Бернхард Холеман со наслов “Македонски вински пејсажи“.
Преставувајќи го пред ликовната публика, директорот на Домот на културата „Ивана Мазов Климе“ - Владимир Темков, подвлече дека Кавадарци има чест што е домаќин на изложба на овој австриски уметник.
-Со задоволство на кавадаречката културна јавност ги нудиме делата на големиоит уметник, кои се инспирирал токму од лозарството и винарството, рече Темков.
Цветанка Митрова од Музејот во Демир Капија, говорејќи за творештвотро на Холеман нагласи дека во делата на авторот слободно можеме да кажеме дека му припаѓаат на поднебјето на Кавадарци и на целиот Тиквешки регион, бидејќи многу е блиска врската неѓу него и нас во овој циклус на слики. И тој како и ние разбравме дека основната димензија во човековото постоење е сонцето и животот што од него зрачи. Овој јужен крај од Македонија е инспирација која го исполнува Бернхард Холеман кои се преплавени од радост и позитивна енергија родена од вечниот извор на македонското сонце.
Климе Коробар кој исто така говореше на отварањето на изложбата рече дека: „Винотио е свет пијалок и токму тоа нашло инспирација кај сликарот. Изложбата „Македонски вински пејсажи“ е организирана по повод 80 роденден на авторот во септември во Скопје.
Ова е второ нејзино гостување во Кавадарци во градот во кој се чувствува Дионисискиот мирис, а во неговата околина се најубавите виснки пејсажи. Сликарството на Холеман е филозофско размислување за соодносот на природата и човекот. Тој е извонредно динамичен сликар со изразито кретивна енергија, нагласи тој.
Со одлична изведба на клавир на присутните им се престави нашиот млад сограѓанин Петре Атанасов под менторство на Весна Павлова.
Како што би рекол познатиот македонски поет и ликовен познавач Ефтим Клетников: “... Бернхард Холеман е роден 1935 год. во Германија, тој веќе како младич, во 1959 година, се преселува по на југ во градчето Баден близу Виена во Австрија. Интуитивно е повлечен патот кон југ, каде се чувствува мирисот на медитеранот: близу е Трст и Јадранското море, каде во Дуино во дворецот на мадам де Таксис Рајнер Марија Рилке ги пишува Дуинските елегии, една од култните поетски книги на модерната европска поезија на XX век. Холеман инстинктивно го чувствува тој медитерански мирис и следејќи го, според сопствениот внатрешен импулс и провидение се упатува кон Македонија...“.
Настанот е дел од манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2015“.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment