Со голем концерт “Стево Волчев трио и пријателите“ во вторник, 15 декември, од 19 часот во салата на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, завршува манифестацијата “Кавадаречка културна есен“...
Манифестацијата “Кавадаречка културна есен“ од почетокот на октомври до денес вклучи 60 настани од областа на ликовната уметност (изложби, перформанси), литературата (книжевни вечери, промоции, поетски читања), драмската дејност (Премиери и гостувачки театарски претстави), музиката од сите жанрови (концерти на класика, џез, староградска), фотографијата (изложби)...
Завршниот настан на “Кавадаречка културна есен 2015“ - Концертот на “Стево Волчев трио и пријателите“ освен членовите на триото (Стево Волчев – хармоника/пијано, Пешо Бошков – кларинет и Горан Јанев – кавал) ќе донесе настап и на познати кавадаречки солисти, музичари и групи, секако придружувани од триото: Наташа Малинкова, Пеачката група на Здружението на пензионери од Кавадарци, Ангел Тотов, Маријана Пешиќ, Радица Костадинова, Хорот при Основното музичко и балетско училиште “Лазо Мицев Рале“ Кавадарци, Силвана Чулева Атанасова.
Настаните во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци продолжуваат во Новогодишно и Божиќно темпо, кавадаречката публика ја очекуваат Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК), Новогодишниот концерт на Студиото за модерен балет “Венус“, Новогодишниот концерт на ОМБУ “Лазо Мицев Рале“, Новогодишната претстава за најмладите во изведба на Театарот при Домот на културата од Кавадарци, Новогодишниот концерт на хорот и оркестарот на Гимназијата “Добри Даскалов“, за да празничните настани бидат заокружени со коледарската манифестација “Дедо цепе бурина“ и традиционалниот Божиќен концерт.
Додека во меѓувреме, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов Климе“ продолжува со изведбата на хит претставата “Женидба“ во режија на Драган Велјановски, која брои десет изведби, па така веќе на 18 декември кавадаречките актери гостуваат во Делчево. По мала пауза за новогодишните и божиќните празници, претставата “Женидба“ се враќа на матичната сцена во Кавадарци, а во втората половина на јануари ќе реализира гостување во Скопје.

0 comments:
Post a Comment