Monday, December 21, 2015

ВО ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА СО МИГРАНТИ ПРОБОДЕНО СО НОЖ МОМЧЕ ОД КАВАДАРЦИ

19 годишно момче од Кавадарци прободено со нож во левата нога , а 17 годишник од Демир Капија заврши со повреда на главата при физичка пресметка со мигранти. 


Инцидентот се случил синоќа на регионалниот пат Градско Велес. Двајцата малолетници со автомобил мерцедес превезувале петмина мигранти.
Четворица од нив државјани на Мароко и еден Алжирец. За сума 700 евра требало да ги превезат до северната граница.

Кога пристигнале во близина на фабриката ХИВ момчињата побарале од мигрантите да го напуштат возилото со објаснување дека се близу до границата и дека треба понатаму да пешачат.

Мигрантите се посомневале по што дошло до тепачка.

19 годишното момче од Кавадарци со нож е повреден во левата нога, а малолетникот од Демир Капија бил удиран по главата.
Случајот во велешката полиција го пријавиле двајцата малолетници.

На полициските службеници им рекле дека мигрантите ги сопреле и им се заканиле за да ги превезат до Куманово.
Двете момчиња со возило на итна медицинска помош се пренесени во велешката болница.Петмината мигранти пак се транспортирани во прифатниот центар за странци во Скопје.

Надлежните превземаат мерки за расветлување на случајот, а двете момчиња најверојатно ќе одговараат за криумчарење мигранти.
Истиот ден во текот на утринските часови полицијата кај с.Прдејци забележала товарно возило „мерцедес вито“.
При обид да биде сопрено, возачот ја зголемил брзината по што кај с.Калково возилото излетало од патот.
Возачот побегнал, а во возилото полицијата пронашла деветмина Авганистанци.

Мигрантите се пренесени во прифатниот центар во Скопје, а се превземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП