Tuesday, December 29, 2015

ВЕШТИТЕ ЖЕНИ ДОНИРАА ДВД ПЛЕЕР ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО КАВАДАРЦИ



Вештите жени од Кавадарци им донираа ДВД плеер и други подароци на учениците со посебни потреби од специјалната паралелка при кавадаречкото основно општинско училиште „Страшо Пинџур”.

- При крајот на ноември месец организиравме настан насловен „Етно вешта жена”, на кој изработивме бројни специјалитети од нашето поднебје. Манифестацијата имаше продажен карактер, па парите што ги обезбедивме со продажбата на специјалитетите, ги наменивме за донација за децата со хендикеп. Им купивме ДВД плеер и други помали подароци, појасни Љубица Минова.

За учениците со посебни потреби, вештите жени подготвија и предновогодишна забава со торта и други благи и солени работи.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП