Се доградува кејот на реката Луда Мара во Кавадарци. Временски услови одат во прилог на градежните работи околу реката која го дели градот на два дела, информира денеска Службата за односи со јавноста во општина Кавадарци.
- Со изградбата на новиот дел, кавадарчани ќе добијат нови 200 метри пешачка патека по кејот на реката Луда Мара. Се гради од централната градинка до „Брушанскиот мост“. Се работи за продолжување на проектот за изградба на кеј на реката. Планирано е да се обезбедат над 400 метри пешачка патека од двете страни на реката Луда Мара и катче за жителите кои живеат во овој дел на градот, соопшти Службата за односи со јавноста. Овој проект чини 9 милиони денари.
0 comments:
Post a Comment