Sunday, August 23, 2015

ГОРАН ЈОВАНОВ - ПЕЈАМ ЗА ОВОЈ ВЕСЕЛ НАРОД

Горан Јованов со музика се занимава од 1995 година кога целосно се посветува на творењето на композиции и пеење. Искуството со настапите му овозможило и да се афирмира и докаже како пејач, но и целосно да се определи за народната музика. Во 1999 година се запознава во неговиот музички колега Гоце Костовски и со негова помош ги снима двете песни „Да се напијам“ и „Сосема сам“. нивната соработка се покажа како успешна и од овој двоец излегуваат повеќе песни „Комшиска љубов“, „Една жена јас си љубам“, „Само со тебе Наташа“ и една испеана на српски јазик „Несреќен сум“. Со песната на Костовски „Се за тебе“, Горан дебитираше на Фолк фест Валандово во 2002 година. Претходно, во 2001 со песната на познатиот композитор Тодор Трајчевски „Да сум сокол“ настапи и на фестивалот „Гоце фест“, за која текстот го напиша афирмираниот текстопосец Орце Зафировски.

По мала пауза, Горан повторно се активира на музичкото поле, преку соработката со Драги Станков и во неговото студио „Форте“ ја снима песната „Еј крчмару“ на текст на Натка Анчева и со таа песна настапува на фестивалот „Филиграни 2010“ и ја добива наградата за најуспешен дебитант. Во трата песна „За овој весел народ“ повторно е во соработка со Драги Станков, а текстот е на Валентина Николова. Првото цеде, Горан целосно го реализира со Станков, на кое се препеани стари македонски народни песни, а го издаде издавачката куќа Сенатор. Минатата година, Гоце ја запонува соработката со Мијалче Стојанов од групата „Џумбуш“ кој за него ја напиша песната „Кој ти љуби усни врели“, со која настапи на „Филиграни 2013“. со последната песна „Ајде, врати се“, годинава, Гоце настапи и на фестивалот „Канео фест“. Есента, Горан потпишува договор со музичката продукција „Vani music“ со кога во иднина целосно ќе се посвети на промовирње на неговите нови музички остварувања. Продукцијата што ја раководи нашиот познат музичар ДЈ Вани, кој долги години твореше во Македонија, а моментално работи во Англија, ќе биде задолжена за музичката кариера на Горан Јованов.


0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП