Thursday, October 29, 2015

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС НА РОДИТЕЛИТЕ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ ДЕЦА ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНА ВО КАВАДАРЦИ



Стотина дечиња од Кавадарци се на листата за чекање за прием во градинката “Рада Поцева” од овој град, информира директорката Снежана Ганчева.

- Бројката на дечиња кои чекаат прием во градинка се намали за 40 откако од први септември започна со работа објектот во селото Ваташа, рече Ганчева. 

Таа информираше дека капацитетот на градинката во неколкуте објекти дава можност за згрижување на вкупно 590 дечиња а во моментов во “Рада Поцева” се згрижени 990 најмлади жители на Кавадарци.
 
- За 52 години постоење, низ текот на годините интересот за згрижување континуирано расте, ова ни е рекорд на посетеност на градинката. Тоа меѓу другото се должи и на фактот што се повеќе мајки и воопшто родители се работно ангажирани, нагласи Ганчева.
 
Таа додаде дека веќе е најавено и се очекува изградба на нова детска градинка.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП