„Изненадува фактот дека пријателите генетски се послични едни со други отколку што сме очекувале и оти по генетските фактори сме како роднини во четврто колено, објасни генетичарот, Џејмс Фоулер од Универзитетот во Калифорнија.Научниците спроведоа истражување на 1932 возрасни лица, анализирајќи милион ипол генетски маркери на странци кои не биле во крвно сродство. Податоците им овозможија да предвидат кој на кого би можел да стане пријател врз основа на сличните генотипи. Резултатите од истражувањаата кои се објавени во списанието „Proceeding of the National Academy of Sciences“ покажаа со пријателите делиме околу еден отсто од сите гени.
Најчести гени што ги споделуваат пријателите се оние кои одредуваат на кој начин реагираме на мирис, а научниците ги нарекоа „Starbucks efekt“.
„На пример, вам ви се допаѓа мирисот на кафе и ве привлекуваат места од каде тој се шири. Истиот мирис на исто место ги привлекува и други луѓе, а тие се ваши потенцијални пријатели, објасни Фоулер.
Но научниците истакнуваат дека односите меѓу пријателите со исти генетски особини можат да го зголемат ефектот на карактерните црти на личноста. Лицето склоно кон алкохол можеби е такво поради генетските фактори, но на таа склоност може да влијаат и пријателите склони кон алкохол.
Научниците заклучија дека генетската структура на човечката популација не резултира само создавање на репродуктивни туку и на пријателски заедници, а Фоулер тврди дека треба да се има на ум дека човечката еволуција на одреден начин е условена од интеракцијата меѓу генот и изборот на пријатели.
Извор: Fox.mk
0 comments:
Post a Comment