Во четврток, на 7 април 2016, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата Иван Мазов – Климе, Кавадарци, ќе се одржи промоција на новата книга поезија на Тихомир Јанчовски од Скопје, насловена како „Игла и конец“.
Во музичкиот дел на вечерта учествуваат: Добрила Грашеска (Calgija Saund Sistem), Зоран Тортевски (Harmosini), Данаил Данаилов (Harmosini) и Тихомир Јанчовски (Од збор до збор).
Промоцијата е во организација на Дом на култура „Иван Мазов - Климе“ - Кавадарци, Градска библиотека „Феткин“ - Кавадарци и Локална самоуправа на Општина Кавадарци.
0 comments:
Post a Comment