Нормализирана е состојбата со водата за пиење од регионалниот водовод „Лукар” од кој со вода за пиење се обезбедуваат општините Кавадарци, Неготино и Росоман. Денеска е укината препораката за нејзино превривање.
Како што нагласи доктор Трајче Ризов, раководител на кавадаречкиот Центар за јавно здравје, таа е хемиски и бактериолошки исправна за пиење.
- Денешните мерења на рутинските и вообичаени хемиски параметри за исправност на водата, покажаа нормални вредности. Оттаму можеме да кажеме дека состојбата со водата е нормализирана, соопшти Ризов кој е специјалист по хигиена.
Тој појасни дека во водата за пиење сега е присутен резидуален хлор во нормални граници, што укажува на тоа дека дезинфекцијата или хлорирањето се завршени до крај и нема опасност од секундарно загадување.
- Нормализирањето на состојбата со водата го потврдија и резултатите од бактериолошките анализи од претходно земените мостри на вода. Можеме да кажеме дека согласно на законските прописи, водата е безбедна, додаде Ризов.
0 comments:
Post a Comment