Кавадаречката полиција поднесе кривична пријава против Б.П. (34) и Д.Г. (47), двајцата од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама при добивање кредит или друга погодност.
На 31 октомври 2013 година првопријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист побарал од второпријавениот да му обезбеди невистинити документи со кои би се потврдило дека тој е вработен во приватна фирма.
Подготвените документи првопријавениот лично ги предал во банка во Кавадарци со што аплицирал за добивање на кредит во висина од 120.000 денари. Кредитот му бил одобрен, го подигнал и си го поделиле двајцата пријавени.
Извор: MKD.mk
0 comments:
Post a Comment