Се работи за фотомонографија во која се документирани 65 верски објекти од кои 53 цркви, 3 манастири, 3 ранохристијански цркви и две пештерски цркви. Во книгата се поместени проекти на кои е работено во изминатите триесетина години а се однесуваат на црковното богатство како што се скоро 1.000 икони, старозаветни црковни книги, конзервации и реставрации на манастири и други цркви.
Од името на Македонска православна црква, намесништвото во Кавадарци со неколку збора се заблагодари архиерејскиот намесник Киро Ристов, кои ги потсети верниците дека треба да градиме нови цркви но да ги зачуваме и обновиме старите. Монографијата, рече Ристов е можност да се информираат и странците но и нашите македонци со нашето црковно наследство.
М.Д. / Фото: Д.М
0 comments:
Post a Comment