Избраниците на Малинков предводени од маестралниот Карло Враговиќ кој мечот го заврши со 31 поен 6 асистенции и 7 скока, на почетокот на второто полувреме повторно се вратија во посакуваниот ритам и го зголемија водството на убедливи 74-50. Во продолжението гостите го искористија опуштањето на домашните кошаркари и стигнаа до достоен пораз од 82-67. Покрај Враговиќ , одличен меч во Јасмин одигра и Николовски со 16 поени и 8 скока. Во редовите на Струмица прв стрелец е Андрејевиќ со 19 поени и 6 скока.
Последното 28 коло од регуларниот дел во нашето најсилно првенство завршува викендов со дуелите, Работнички - Кожув, Бест - Куманово и дербито во недела МЗТ Скопје А. - Карпош Соколи .
0 comments:
Post a Comment