Tuesday, April 19, 2016

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО КАВАДАРЦИ



Во рамки на неделата на планетата Земја, денеска во Кавадарци беше реализирана еколошка акција, во организација на младинскиот центар „Креактив”, во соработка со јавното претпријатие Комуналец од овој град. 

Во акцијата за чистење на отпадот од јавен простор, детско игралиште, се вклучија меѓународни и локални волонтери.

Координаторот Александра Ристова нагласи дека ова не е прва еколошка акција што ја иницира тимот на „Креактив“.

- Пред месец и половина беше исчистен пределот кај Брушански мост, околу реката Луда Мара, а во изминатите години беа реализирани повеќе чистења на јавен простор. Тогаш како и сега, млади средношколци и волонтери од општината, но и волонтери од повеќе европски земји придонесоа за почисто Кавадарци, рече координаторот Ристова.

Елена Данова, асистент координатор во младинскиот центар, истакна дека тие се еколошки активни во текот на целата година. Информираше дека по повод меѓународната недела на планетата Земја, реализираат низа едукативни работилници за подигнување на еколошката свест.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП