Дваесет и осум нови медали освоија младите каратисти на карате клубот „Урбан инвест” од Кавадарци, на меѓународниот натпревар “Кичево опен 2016”, кој вчера се одржа во Кичево.
Од клубот „Урбан инвест“ информираат дека покрај пехарот за најуспешен и најмасовен клуб, тренерот Ивана Аврамова е прогласена за најуспешен тренер на натпреварот.
– На натпреварот зедоа учество околу 250 натпреварувачи. Карате клубот “Урбан Инвест” со освоени 14 златни, 6 сребрени и 8 бронзени медали беше прогласен за најуспешен клуб на натпреварот, соопштија од КК „Урбан инвест”.
0 comments:
Post a Comment