Ведат Вејселов и Исмаил Вејселов, двајцата од Кавадарци, добија заедно 18 години затвор за разбојништво, кое го сториле во март 2013. Во Велешкиот суд Исмаил, кој е во бегство, доби 10 години, а Ведат 8 години затвор.
Според обвинението, ноќта меѓу 14 и 15 март 2013, на полноќ тие влегле во бараката во која се наоѓал чуварот на, тогаш во изградба, црквата "Св. Петка" во Кавадарци, и одзеле предмети во вредност од 7 илјади денари. Тогаш Ведат со раце го фатил чуварот, го држел за вратот, а нашол и секирче со кое замавнувал кон него, но и кон жената која во тие моменти се затекла внатре.
Од ударите од секирчето, жената се здобила со повреди на ногата и на рамото. За тоа време, Исмаил од внатрешноста на црквата одзел електричен кабел, електрична брусилка и рачна количка. По ова, двајца избегале, но набргу биле фатени од полицијата и препознаени од нападнатите.
На судењето Ведат потврдил дека ги украл предметите, но одрекувал оти ја повредил жената и мавал со секирче. Адвокат на обвинетите Андреја Радиновски смета дека нема докази оти жената е повредена, заШто немало никаква медицинска документација за здобиени повреди. Пресудата е правосилна.
Извор: ВЕСТ
0 comments:
Post a Comment